Непосакувани типови мажи кои заслужуваат шанса кај жените

Непосакувани типови мажи кои заслужуваат шанса кај жените

Жените понекогаш имаат многу високи критериуми кога се работи за мажите, поради што често одбиваат кандидати, кои би можеле да им бидат совршени партнери. Во ред е да имате одредени рамки во кои вашиот партнер би требало да се вклопува, но доколку премногу се ограничите, осаменоста ќе ви биде гарантирана. Еве за кои типови мажи треба да направите исклучок и да им дадете барем една шанса.

Непосакувани типови мажи кои заслужуваат шанса кај жените

Неправилни заби

Верувале или не, многу жени одбиваат да излезат со мажи кои немаат совршено рамни заби. Не им се допаѓа нивната насмевка и тоа е причина да се откажат уште во старт од сето она што би можело да биде одлично кај нив. Не е воопшто потребно да се споменува колку е ова блесава причина за избегнување некого. Дали мислите дека нечии правилни заби ќе ве направат среќна?

Премногу низок

Повеќето жени сонуваат за висок маж, но тоа не значи дека е правилна постапката да одбивате некој, само затоа што е низок. Барем дадете му шанса на фраерот кој нема идеална висина. Никогаш не можете да знаете што се крие зад тоа мало, но бомбастично тело.

Мамин син

Тоа што ѝ се јавува на мајка му секој ден и ја качува на пиедестал, нема потреба да се потенцира колку ги нервира жените и тоа е оправдано. Но, доколку тоа не го прави премногу нападно, можеби можете да го погледнете од позитивната страна. Доколку е толку внимателен спрема мајка му, можеби ќе биде исто толку грижлив и спрема вас, зарем не?!

Невработен

Доколку е невработен по сопствен избор затоа што е мрзлив, тоа е неоправдано, но доколку моментално нема работа поради разни околности, тоа не е причина да се откажете од човекот. Доколку сметате дека е супер избор за вас, не заборавајте дека еден може да биде идеален тип, кој има добра работа.

Разведен

Разводот им се случува дури и на најдобрите, така што тоа не значи дека тој е лош маж. Можеби неговата бивша сопруга едноставно не му била судена, а вие заедно ќе формирате совршена двојка. Некои работи во животот луѓето не можат да ги контролираат, а разводот е најчесто една од нив.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар