Неодолив чизкејк колач со манго

Тој не само што изгледа вкусно, туку и навистина е вкусен!

(1) Неодолив чизкејк колач со манго

Потребни состојки:
За тестото:
  • 125 грама несолен путер, омекнат
  • 100 грама шеќер
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 250 грама брашно
За филот:
  • 250 грама крем-сирење
  • 70 грама шеќер во прав
  • 300 милилитри густа шлаг пена
  • 3 манга

Неодолив чизкејк колач со манго

Начин на подготовка:

За да го направите тестото, најпрво мешајте ги путерот, шеќерот и солта со миксер сè додека целосно не се соединат. Додадете го јајцето и повторно мешајте додека не се соединат. Потоа вклучете го миксерот на ниска брзина и полека додавајте го брашното. Мешајте додека не се соединат. Отстранете го тестото од садот и поставете во рамен сад со цел да можете полесно да го измесите. Покријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер околу еден час за целосно да се олади.

Извадете го тестото од фрижидер и оставете го уште 10-тина минути на собна температура и потоа можете да продолжите. Намачкајте со масло сад кој е со отприлика 22 сантиметри големина и посипете малку брашно врз него. Префрлете го тестото во тој сад и разнесете го низ површината така што ќе биде нешто помалку од 1 сантиметар дебело и малку поголемо од садот. За да ја добиете посакуваната форма, префрлете го измесеното тесто во калап за колач и поставете го во фрижидер на 30-тина минути и потоа вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени. Избоцкајте го целото тесто со виљушка, а потоа печете го 20-30 минути, или сè додека не добие бледо златна боја. Тргнете го настрана да се олади, па потоа извадете го од калапот.

За да го направите чизкејк филот, прво со помош на миксер матете ја шлаг пената сè додека не стане мека. Истото направете го и со крем-сирењето и шеќерот во прав, но во друг сад. Откако ќе завршите додадете ја шлаг пената во смесата со крем-сирењето, измешајте и потоа нанесете ја на тестото.

Излупете ги мангата и исечкајте ги на многу тенки делови, а потоа поставете ги над колачот во форма на ружа, започнувајќи од надворешноста. Чувајте го колачот во фрижидер. Добар апетит!

(2) Неодолив чизкејк колач со манго

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар