Неочекувани тајни што момците ги кријат од своите девојки

Неочекувани тајни што момците ги кријат од своите девојки

Секоја добра љубовна врска се базира на искреност. Но, повеќето врски вклучуваат и мали лаги или прикривања на вистината. Тоа може да се однесува на некоја секојдневна ситуација или пак да станува збор за поголема лага којашто еден од партнерите ќе ја каже со цел да избегне карање. Покрај тоа што и жените имаат свои тајни, неретко и мажите сокриваат одредени работи. Дали знаете кои се нивните тајни? Погледнете ги овие признанија на неколку мажи што можеби ќе ве инспирираат да имате поискрени разговори со вашиот партнер…

Неколку неочекувани работи кои момчињата ги кријат од нивните девојки

1. Таен брак

„Мојата девојка не знае дека сѐ уште не можам да ја запросам затоа што сум оженет со една пријателка која ми помогна да добијам зелена карта.“

2. Скриен жиголо

„Мојата девојка не знае дека дополнително заработувам на тој начин што имам секс со осамени жени. Таа само мисли дека имам добро платена работа.“

3. Скриена болка

„Мојата девојка не знае дека сум болно вљубен во мојата бивша.“

4. Тајно погледнување

„Мојата девојка не знае дека ја имам нејзината лозинка од Фејсбук. Еднаш во подолг период ги проверувам нејзините пораки.“

5. Тајни емоции

„Мојата девојка не сфаќа колку сум чувствителен и дека сите работи ги сфаќам лично.“

Неколку неочекувани работи кои момчињата ги кријат од нивните девојки

6. Желба за тројка во кревет

„Потајно посакувам мојата девојка да ја праша нејзината најдобра пријателка да ни се придружи во кревет.“

7. Пушење марихуана

„Понекогаш сакам да пушам марихуана и овој факт го кријам од мојата девојка.“

8. Тајно богатство

„Мојата девојка не знае колку заработувам и колкава е мојата заштеда. Таа би ја потрошила веднаш.“

9. Скриен фетиш

„Мразам што треба да кријам дека обожавам боси нозе. Се плашам дека ќе ме остави ако ѝ кажам.“

10. Таен измамник

„Зависник сум од секс. Никогаш не ми е доволно од различни жени. Мојата девојка не знае за ова.“

Неколку неочекувани работи кои момчињата ги кријат од нивните девојки

11. Скриена тага

„Ја кријам депресијата од мојата девојка затоа што таа веќе се жали дека не сум доволно мажествен за неа.“

12. Тајниот Супермен

„Тајно читам стрипови за Супермен, но го кријам тоа од мојата девојка бидејќи таа го сака Бетмен.“

13. Таен танцувач

„Мојата девојка не знае дека посетувам часови за танцување за да можам да ја освојам кога ќе дојде време.“

14. Тајни планови

„Секогаш кога ми е досадно, ја планирам мојата свадба. Јас сум момче, а мојата девојка не знае за ова.“

15. Скриен бисексуалец

„Имав средба со момче за прв пат… Тоа беше случајно… Мојата девојка не знае за ова.“

16. Таен гејмер

„Мојата девојка не знае дека многу често ја откачувам за да можам да играм видео игри.“

17. Тајно заздравување

„Мојата девојка не знае дека таа беше причината за моето заздравување од претходната врска. Излегува дека таа е најдоброто нешто што некогаш ми се случило.“

Неколку неочекувани работи кои момчињата ги кријат од нивните девојки

Момци, имате ли и вие нешто да признаете?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар