Неочекувани работи кои мажите ги обожаваат кај жените

Автор: Сара Турановиќ

Кога зборуваме за убавината и привлечноста, мажите и жените имаат потполно различни гледишта. Додека жените се трудат да се намирисаат со најдобриот парфем и да ги отстранат сите несакани влакна, мажите на нив го забележуваат следното.

neochekuvani-raboti-koi-mazhite-gi-obozhavaat-kaj-zhenite-kafepauza.mk

Кога жената има убав од

Облеката може да го привлече мажот, но елегантниот женски од ќе ги победи мини сукњите или залепените панталони.

Природниот мирис на нејзината кожа

Парфемот е секогаш пријатен, но природниот мирис на женската кожа е сосема друго, нешто посебно.

Кога жената го гледа (подолго од 2 секунди)

Има нешто посебно во женскиот поглед. Погледот кој трае нешто подолго од вообичаениот зборува дека сте заинтересирани за него, а нему му претставува комплимент и предизвик.

Нејзиното лице кога ќе се разбуди

Малку натечено лице и срамежлив поглед украсен со насмевка е нешто што неверојатно го привлекува заљубениот маж.

Разбушавена коса

И додека жените се трудат нивната коса да изгледа беспрекорно, мажите тоа никогаш нема да го забележат. Но кога ќе се разбудите наутро, потполно природни со сите свои предности и маани тогаш тоа со сигурност ќе го забележат.

Кога постојано се смеете

Весела, прифатлива и позитивна личност е магнет за мажите. Поради тоа насмевката е најјакото средство.

Пегите на лицето

Пудрата е совршена за криење и на најмалите несовршености на лицето. Ако мислите дека вашиот совршен тен ќе го привлече, се лажете. Пегите и малите несовршености на лицето за мажите се неодоливи.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар