Неочекуван бакнеж, смирување и слатко будење: 6 романтични моменти кои ја градат врската

Неочекуван бакнеж, смирување и слатко будење: 6 романтични моменти кои ја градат врската

Лето, сонце, сладолед и полно емоции! Сакаме да бидеме излезени заедно со нашиот партнер, да се шетаме навечер по плажа, да одиме на ноќно капење… Но, тоа не е сѐ – вистинската љубовна врска е полна со „оние ситници“ од кои понекогаш ни се стресуваат колената и ни се јавува она слатко чувство на пеперутки во стомакот. Ве потсетуваме на шест моменти што ги споделувате со вашиот најсакан кои сигурно ги обожавате.

1-neochekuvan-baknezh-smiruvanje-i-slatko-budenje-6-romantichni-momenti-koi-ja-gradat-edna-vrska-www.kafepauza.mk_

1. Да се разбудите покрај него

Утро е. Ви ѕвони алармот – се обидува да ве разбуди од вашите убави соништа. Плус, понеделник е! Па, кој ја сака оваа сцена? Но, ги отворате очите и покрај вас лежи човекот кој го сакате. Дури и ако го мразите што може да спие подолго од вас – тие моменти се непроценливи.

2. Кога ви недостига…

Дури и ако сте самостојна жена, кога вашиот омилен маж ќе замине на неколку дена, некако сте тажни. Нешто едноставно ви недостига. Убаво е ако имате некоја негова блуза или перница која мириса на него. Чувството дека ви недостига е некако слатко, па дури и опипливо.

3. Смирување

Кој е во врска знае дека понекогаш се случуваат кавги. Тоа е така и точка. Понекогаш знаете многу да се налутите, ви се крева косата само што ќе го видите и воопшто не разговарате. Друг пат, пак, во знак на протест, излегувате со вашата пријателка на кафе, само за да не мора да го гледате. Но, кога ќе се „оладите“, кога после кавгата ќе се погледнете во очи и ќе се прегрнете, тоа чувство е многу поубаво од сѐ останато.

2-neochekuvan-baknezh-smiruvanje-i-slatko-budenje-6-romantichni-momenti-koi-ja-gradat-edna-vrska-www.kafepauza.mk_

4. Рутина со пеперутки во стомакот

Во некој момент во скоро секоја врска се појавува рутина. Стоите во кујната, еден од вас ги мие садовите, другиот го брише подот, или заедно работите нешто друго низ дома. Одеднаш ќе го погледнете и ќе ви се појават пеперутки во стомакот, бидејќи знаете дека рутината не мора нужно да биде монотона, туку може да биде знак дека сте започнале нешто заедно, дека создавате и одржувате нешто значајно… Сте започнале да градите заеднички живот, а тоа може да биде најубавата љубовна приказна.

5. Спонтани бакнежи

Секако дека сакате да се галите. Но, бакнежот во образ додека, на пример, ги миете забите или нежен бакнеж во вратот додека готвите предизвикуваат благо ежење и слатка насмевка.

6. Двајцата имате исто мислење

Поканети сте на вечера кај вашите пријатели, а тие одеднаш започнуваат да се расправаат, додека вие седите со нив. Прилично неудобна ситуација. Меѓутоа, ако се погледнете во очи со вашиот партнер и двајцата се насмеете, во тој момент сте сигурни дека тој помислил: „Фала му на Бога, ние не сме такви“, а тоа е знак дека сте го пронашле Вистинскиот.

Како што кажавме, врската ја сочинуваат прекрасни мигови, па затоа потсетете се и на овие мали и убави моменти во љубовните врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар