Необични трикови за убавина кои прават чуда

Необични трикови за убавина кои прават чуда

Невеново и бадемово масло за мека кожа, комбинација од мед и млеко за домашна маска, камилица за отечени очи и многу други познати,  домашни и природни состојки, ни помагаат во одржувањето на младоста и убавината. Понекогаш овие рецепти дејствуваат многу подобро од која било крема или лосион и затоа толку многу ги сакаме. Овој пат ви нудиме неколку нови, необични трикови кои навистина дејствуваат и нудат брзо решение, за оние мали проблемчиња што нè мачат секојдневно.

Необични трикови за убавина кои прават чуда

1. Нашминкајте се, а потоа – право под пареа!

Звучи нелогично и неефективно, но сепак многу славни ѕвезди тврдат дека ова е трикот кој им овозможува да изгледаат толку добро пред камерите. Наполнете ја кадата со топла вода или пуштете го тушот неколку минути на топла вода, а потоа застанете во близина и почекајте 5-10 минути. Пареата всушност овозможува да се избегне ефектот на маска при шминкањето, а ја прави кожата свежа, блескава и што е најдобро, изгледа многу поприродно!

2. Подбрадок? Никогаш повеќе

Сигурно по дома имате добра колекција од антицелулитни креми на кои сега можете да им дадете сосема поинаква намена. Изберете некоја која содржи кофеин и нанесете по линијата на брадата. Кофеинот делува на тој начин што го намалува вишокот на течности, па на тој начин значително се намалува и надуеноста. Поради останатите состојки во кремата, ефектот е многу брз и би требало да трае неколку часа.

Необични трикови за убавина кои прават чуда

3. Избришете ги акните

Слоевите пудра и коректор не можат да ги избришат акните, всушност понекогаш имаат и спротивен ефект. Токму затоа ова трикче ќе ви биде меѓу омилените. Нареден пат кога некоја досадна, црвена акна ќе ви го расипе расположението набавете капки за очи и нанесете малку на проблематичното место. Состојките во капките за очи ги стеснуваат крвните садови, и на тој начин се намалува отеченоста и црвенилото.

4. Против надуеност со јаболков оцет

Се чувствувате надуено и ништо не ви е точно? Измешајте една супена лажица јаболков оцет со половина шолја вода и испијте го. Во рок од 30 минути телото ќе почне да ги исфрла вишокот течности, подуеноста, ќе се намали, а вие ќе се чувствувате многу полесно.

Необични трикови за убавина кои прават чуда

5. Ленено масло за прекрасни трепки

Лененовото масло е богато со Омега 3, 6 и 9 како и со Б витамини кои ги надградуваат и разубавуват трепките. Навечер нанесете малку масло по линијата на трепките и гледајте како од ден на ден стануваат сè поубави.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар