Необични совети за слабеење кои навистина делуваат

Необични совети за слабеење кои навистина делуваат

Сакате да симнете неколку килограми, но не можете да држите диета. Вашата љубов кон храната е едноставно непобедлива! Не мора да се грижите повеќе, бидејќи постојат трикови што ќе ви помогнат да ослабите без да внимавате на исхраната. Следниве совети можеби ќе ви се чинат малку будалесто, но вреди да ги пробате бидејќи резултатите нема да изостанат. Прочитајте за што станува збор…

Необични совети за слабеење кои навистина делуваат

1. Диета со паста за заби

Ова не значи дека треба да јадете пасти за заби. Вкусот на ментол може да ви помогне да се придржувате кон диетата. Доколку не можете да ги контролирате оброците и да им одолеете на омилените десерти, измијте ги забите со паста со вкус на ментол. Тоа ќе ви даде до знаење дека оброкот завршил. Ако сепак решите да земете уште едно залче, брзо ќе сфатите дека храната не е вкусна во комбинација со ментол. Доколку не можете да ги измиете забите или ако почувствувате глад, земете гума за џвакање со вкус на ментол.

2. Одбивна храна

Не можете да ја оставите виљушката иако сте прејадени? Направете храната во чинијата да ви изгледа одбивно. На пример, ставете го приборот за јадење во чинија. Нема да сакате да јадете со извалкани лажици, виљушки и ножеви. Можете и да ја згужвате салфетата и да ја ставите во чинијата. Освен тоа, на фрижидерот ставете фотографија од вас кога сте биле подебели одошто сте сега како потсетник дека треба да внимавате на исхраната.

3. Темелно исчистете ја кујната

Доколку навистина сакате да се придржувате до диетата, исчистете ги сите кујнски шкафови и фрижидерот, и ослободете се од нездравата храна. Кога ќе ги фрлите сите грицки, наполнете ги шкафовите и фрижидерот со свежо овошје, зеленчук, ореви и други слични плодови.

Необични совети за слабеење кои навистина делуваат

4. Јадете колачи

Доколку сакате да печете колачи, веројатно ви е многу тешко да им одолеете на сите десерти кои ги подготвувате. Но, немојте да престанете да готвите поради тоа. Во многу рецепти можат да се вклучат поздрави и помалку калорични состојки. На пример, наместо цело јајце, користете само белки или наместо бело брашно, употребете интегрално. За да ги намалите калориите во колачите, заменете го маслото со јаболков сок. Ќе заштедите речиси 100 калории и 14 грама масти, а нема да забележите разлика!

5. Стиснете се во тесни пантолони

Што е првото нешто што го правите кога облеката ќе ви стане премногу тесна? Облекувате широка маица и пантолони, бидејќи така се чувствувате удобно. Наместо тоа, нареден пат кога ќе се здебелите малку, стиснете се во вашата тесна облека. Претесната облека ќе ве потсети дека не треба да претерате со јадење. Наместо да ги откопчувате фармерките по големиот оброк, стегнете го ременот малку поцврсто пред да почнете со јадење. Тоа ќе ви помогне да не се прејадете. Облечете ги вашите најтесни пантолони и пуштете го стомакот да ви излезе надвор кога ќе бидете дома и кога знаете дека постои опасност да ви се пријадат грицки. Ако ви е непријатно да носите тесна облека во јавност, покријте се со поширока јакна или туника. Така само вие ќе знаете зошто јадете салата наместо лазањи.

6. Кажете виц за да направите стомачни мускули

Кажувајте вицови, читајте ги и смејте се дури и да не ви се смешни. Смеењето е одлично за вашето срце и стомачните мускули. На тој начин ќе ги зацврстите, стегнете и обликувате овие проблематични мускули што ви задаваат главоболки. Смеењето го продолжува животот и ја подобрува циркулацијата на крвта. Докторите препорачуваат 15 минути смеа дневно. Прашајте ги вашите пријатели дали го слушнале најновиот виц за Мујо и Хасо и само смејте се.

Необични совети за слабеење кои навистина делуваат

7. Со немир до витка става

Дали сте се запрашале зошто некои луѓе никогаш не се дебелеат иако јадат многу и не внимаваат на исхраната? Тоа е така затоа што не можат да седат мирно. Постојаното движење го зголемува дневното трошење на калории и го спречува дебелеењето. Доколку не верувате, постојат научни докази за ова! Истражувачите го следеле дневното движење на 10 лица со нормална тежина и 10 лица со прекумерна тежина за да видат дали бројот на калории што го трошат немирните луѓе влијае на нивната линија. Луѓето со прекумерна тежина во просек поминувале два часа повеќе во седење за разлика од луѓето со нормална тежина кои дневно согорувале по 350 калории повеќе. Што чекате? Ако седите, почнете да „цупкате“ со нозете и не престанувајте додека не ослабите!

8. Купете нов сервис за јадење

Купете помали чинии и намалете го струкот. Ако послужите нормална количина храна во голема чинија, ќе ви се чини како оброкот да ви е многу мал, бидејќи перцепцијата ви е искривена. Поради тоа, почнете да ги сервирате оброците во помали чинии и веднаш ќе забележите резултати.

9. Вежбајте пред телевизор

Телевизијата лесно може да ви ги уништи плановите за слабеење. Не џогиравте во четврток вечер затоа што сте начекале некој добар филм на телевизија? Ја пропуштивте прошетката со друштвото затоа што сакавте да ја изгледате вашата омилена серија? Оваа нездрава навика лесно можете да ја свртите во ваша корист. За време на сите реклами правете по 10 склекови и 20 стомачни. Освен тоа, можете да вежбате додека гледате телевизија, па така ќе вежбате многу повеќе!

10. Пијте го најевтиниот пијалак

Водата е најздравиот пијалак, но и најевтиниот. Една чаша газиран сок содржи околу 150 калории, чашата вино содржи 170 калории, а некои коктели стигнуваат дури и до 300 калории! Водата, пак, содржи 0 калории. Доколку не ви се допаѓа обичната вода, додајте ѝ малку вкус како на пример ливчиња нане. Топлата вода со мед и лимон е исто така одличен избор.

Доколку навистина сакате да го симнете вишокот килограми, обидете се со оваа здрава и брза диета за слабеење без напор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар