Необични симптоми кои укажуваат на тивок и незабележлив срцев удар

Срцевиот удар воопшто не е едноставен. Многумина го замислуваат како болка во градите, отежнато дишење, па дури и вртоглавица, но тоа не е нешто што треба да се игнорира. Не ризикувајте го своето здравје и дознајте како да препознаете дали сте имале „тивок срцев удар“ и што е тоа што го предизвикало, за во иднина да можете да го спречите и да се заштитите од поголем удар.

Необични симптоми кои укажуваат на тоа дека сте имале тивок срцев удар: Препознајте ги и не дозволувајте повторно да ви се случат!

Една студија спроведена во 2016-та година на Универзитетот Харвард, покажала дека 45% од луѓето воопшто не чувствуваат никакви симптоми пред да доживеат срцев удар. „Тивкиот срцев удар“ се случува многу почесто отколку што можете да замислите. Тој е многу сличен на недостатокот на кислород во срцето, што може да доведе до блокада. Во повеќето случаи, вашето срце може да го преживее ова. Можеби ќе се изненадите, но овој удар е многу почест кај жените и често доведува до срцеви проблеми во иднина. За среќа, денес лекарите може да утврдат дали сте доживеале „тивок срцев удар“, при што од особена важност е да одите на редовни прегледи. Откако ќе ви се случи, овој удар може да остави некои последици на вас, како што е хроничен умор, болка во вратот или вилицата, отежнато дишење кога ќе работите нешто и слично. Постојат некои ризични фактори на кои треба да внимавате, а некои од нив се следниве:

  • Пушење
  • Дијабетес
  • Дебелина
  • Срцеви проблеми во семејството
  • Висок крвен притисок
  • Недостаток на физичка активност

Необични симптоми кои укажуваат на тоа дека сте имале тивок срцев удар: Препознајте ги и не дозволувајте повторно да ви се случат!

Доколку имате повеќе од 35 години, би требало редовно да одите на лекарски прегледи за да утврдите дали ви се заканува опасност. Ова е најдобриот начин за да откриете дали веќе сте доживеале „тивок срцев удар“ или пак во иднина сте изложени на опасност од истиот или поголем. Исто така треба да промените некои свои навики, со цел да ја намалите веројатноста вам да ви се случи ова. Откажете се од пушењето, намалете го внесувањето на сол и потрудете се да ги изгубите вишокот килограми. Честото консумирање алкохол исто така може да ги зголеми шансите за срцев удар.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар