Необични, но ефикасни совети за нега и убавина

И навистина постојат многубројни совети. Токму затоа денес ви издвоивме неколку совети кои се необични и изненадувачки, но доста ефикасни.

1-dali-ste-slushnale-za-niv-neobichni-i-efikasni-soveti-za-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

1. Пиво

Доколку вие лично не сакате да го консумирате, вашата коса со сигурност ќе ја сака оваа напивка која е одлична за нејзиниот изглед и сјај, односно за нејзиното здравје. После миењето, на вашата коса нанесете пиво кое е разблажено со иста количина вода, а поради витамините и минералите што ги содржи, вашата коса ќе биде посилна и поиздржлива. Освен тоа, пивото можете да го искористите и како основа за бројни природни маски за коса.

2-dali-ste-slushnale-za-niv-neobichni-i-efikasni-soveti-za-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

2. Бебешка пудра

Бебешката пудра не е наменете само за бебињата, бидејќи некои ја користат за сушење на акните и митесерите, за себумот на лицето да биде помалку видлив, односно за лицето помалку да сјае.

3-dali-ste-slushnale-za-niv-neobichni-i-efikasni-soveti-za-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

Исто така, можете да ја користите и за ефект на подолги трепки. Нанесете еден слој маскара, потоа на трепките со некоја стара четка или стапче за уши ставете бебешка пудра, па врз неа додајте уште еден слој маскара и ќе имате навистина изненадувачки ефект.

4-dali-ste-slushnale-za-niv-neobichni-i-efikasni-soveti-za-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

3. Коректор

Коректорот не е тука за само да ги прекриете црвенилото и неправилностите со него, туку и за да ги зголемите усните, односно да постигнете таков ефект. На усните и надвор од нивните рабови нанесете коректор, за да се „избришат“ природните црти, а потоа со молив за усни исцртајте друга линија и ќе добиете доста полн и природен изглед откако ќе нанесете кармин.

5-dali-ste-slushnale-za-niv-neobichni-i-efikasni-soveti-za-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

4. Црвен кармин

Постои толку многу жар и страст во овој мејкап производ, се согласувате? Меѓутоа, црвениот кармин не служи само за усните, туку со негова помош можете да ги прекриете уморните и темни кругови околу очите. Нанесете црвен кармин наместо коректор, обидете се да го размачкате, а потоа врз него нанесете пудра и сите останати производи што ги користите. Ќе се изненадите од целосно прекриените подочници.

6-dali-ste-slushnale-za-niv-neobichni-i-efikasni-soveti-za-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

5. Дрвени боички

Летото е време кога сите ние сакаме да внесеме некои поведри и посилни бои во нашето секојдневие, а тоа најдобро можеме да го постигнеме со помош на шминката. Кога ќе посакате малку боја на вашите капаци, а не можете да пронајдете соодветни производи во вашиот несесер, послужете се со дрвени боички. Иако можеби ви делува невозможно, доволно е да ги ставите неколку минути во чаша со топла вода, а потоа откако ќе ги извадите ќе можете да ги користите како ајлајнер.

7-dali-ste-slushnale-za-niv-neobichni-i-efikasni-soveti-za-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

6. Балсам за усни

Добро негувани и хидрирани усни се задолжителни, без разлика на тоа кое годишно време е во тек. За тоа најмногу помага балсамот за усни. Но, освен својата првенствена намена, балсамот за усни можете да го искористите и како хајлајтер доколку немате или не ви е при рака.

8-dali-ste-slushnale-za-niv-neobichni-i-efikasni-soveti-za-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

За уште неколку корисни и ефективни совети, погледнете ги овие 18 бјути трикови кои задолжително ви требаат во вашата рутина.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар