Необични, но ефикасни домашни трикови за убавина

Пастата за заби ги лекува акните, мајонезот ја негува и регенерира сувата коса, фефероните го забрзуваат растот на косата, а кремот против хемороиди е одличен за отстранување на подочниците…

Вакви необични козметички совети има многу. Некои од нив ги користат дури и светските ѕвезди. Кетрин Зета-Џонс, на пример, забите ги мие со иситнети јагоди, а косата ја негува со рицинусово масло. Необично, но делотворно.

Необични, но ефикасни домашни трикови за убавина

Јагодите совршено ги чистат и избелуваат забите, а не ја оштетуваат глеѓта. Рицинусовото масло ѝ дава сјај на косата и го спречува прекумерното паѓање. Манекенката Јана Гупта за туширање користи кокосова паста, бидејќи е противник на сите видови сапуни. Кокосот ја прави кожата мека и нежна, а ја подобрува и нејзината влажност.

Актерката Хали Бери додава мелено кафе во купката за тело. Кофеинот од кафето ја поттикнува циркулацијата и на тој начин помага во разложувањето на целулитот. Еве неколку начини како да го користите кафето во борбата против целулитот.

Постојат многу народни совети за нега и разубавување, но кои од нив навистина делуваат, а кои се само губење време без никаков козметички ефект? Одговор на ова прашање дале дерматологот др. Нил Садик и фризерот Рене Фрис.

На прашањето дали урината поволно делува на проблематичната кожа и помага во лекувањето на акните, одговорот е негативен, бидејќи таа не содржи ниту антибактериски, ниту какви било смирувачки супстанци, не ги стеснува порите и не ја регулира маснотијата на кожата. Според тоа, местото не ù е на вашето лице.

Лимоновиот сок може да се користи како природно средство за осветлување на косата. Овој совет е точен. Лимонската киселина во комбинација со УВ-зраците помага во осветлувањето на косата. Доколку нанесете лимонов сок на вашата коса пред да излезете надвор на сонце, таа значително ќе осветли.

Дали црниот чај помага во лекувањето на изгореници од сончање и убоди од инсекти? Купка од јак црн чај навистина помага. Танинските киселини што ги содржи чајот ја отстрануваат жештината од изгорениците, го ублажуваат печењето и помагаат во лекувањето на кожата. Облога од зелен чај нанесена на кожа касната од инсект, го намалува отекувањето и го забрзува заздравувањето, особено ако се стави веднаш по каснувањето.

Маслиновото масло ги прави ноктите поцврсти, а кожата околу ноктите нежна и негувана. Поради тоа, би било добро барем еднаш во неделата прстите да се потопат во маслиново масло. Не е точно дека косата побргу расте доколку се третира со маслиново масло. Иако поволно делува, тоа само ја прави косата посјајна, поздрава и помека. Се нанесува најмалку десет минути пред миењето на косата.

Компирот не го отстранува вишокот маснотија од лицето, па поради тоа не треба да се користи како козметичко средство, туку само за јадење.

Дали фефероните го забрзуваат растот на косата сè уште е дискутабилно. Според некои тврдења, фефероните ја подобруваат циркулацијата на крвта во главата, и тоа без разлика дали ги јадете или ќе го протриете коренот на косата со нив.

Кремот против хемороиди навистина поволно делува во намалување и отстранување на отечените подочници. Ако се нанесе под очите, надуените подочници ќе спласнат.

Мајонезот ја регенерира оштетената и сува коса, како резултат на мастите и маслата што ги содржи, но поради мирисот, а и бидејќи тешко се измива, подобра опција е некоја маска за коса.

Кремот против пеленски осип, освен што е хидратантен, содржи и противвоспалителни супстанци кои поволно делуваат на сувата и испукана кожа на петите и лактите.

Пастата за заби ги лекува акните. Овој козметички трик е точен. Бидејќи ја суши кожата, ќе ги исуши и акните ако се нанесе на нив и се остави да делува преку ноќ. Треба да се користи само привремено и треба да биде бела.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Emma Reply

    За растење на косата едноставен и ефективен рецепт: 200мл шампон, една ампула B1, една ампула, B6 и една ампула B12. Јас го користам веќе два месеци, и косата ми е згусната, зајакната, и порасната околу 5 цм.. :)

  2. inna Reply

    mene ne mi pomogna toa so vitaminite naprotiv uste tolku mii padna:S

  3. Mace Reply

    Emma сите овие ампули се ставаат во 200мл шампон, без разлика каков е ?

Остави коментар