Необични места на кои можете да нанесете дезодоранс

За што најчесто го користите дезодорансот? Најверојатно само за едно или две места за да го спречите потењето и непријатните мириси, поточно за она за што е наменет. Меѓутоа, некои бјути блогерки и личности кои сакаат да експериментираат, ги испитуваат овие производи и пронаоѓаат нова намена за нив. Можеби за некои веќе имате чуено, а другите сигурно ќе ве изненадат, но во секој случај дезодорансот можете да го нанесувате и на овие места.

1-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_

1. Лице

Звучи чудно, но всушност овој трик успева. Заради својата специфична структура, но и останатите состојки кои ги содржи, дезодорансот можете да го нанесете на кожата на лицето за да ја матирате. Ова е одлично решение во текот на летните денови, особено за Т зоната која најмногу „сјае“ од лачењето маснотии.

2-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_

2. Пети

Како и секогаш, кога купувате нови сандали или високи потпетици, но и рамни обувки, се случува да ви создаваат плускавици кои изгледаат доста лошо и ужасно болат. Затоа пред носењето, нанесете рол-он дезодоранс на пределот на петите и во внатрешноста на обувките, со што ќе создадете своевиден слој на лубрикант кој ќе го спречи триењето и создавањето несакани последици.

3-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_

3. Коса

Пред сѐ, треба да имате дезодоранс со „невидлива“ формула, а не со бела, за да не остане видлива трага подоцна. Кога ќе го нанесете на оваа линија, односно на границата помеѓу кожата на челото и остатокот од косата, го спречувате потењето кое е доста зачестено кога ќе дојдат топлите денови. Со овој трик ќе го избегнете „мокрото лице“, но и извитканите влакненца околу челото.

4-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_

4. Бикини зона

Пределот на кожата кој го третирате со бричење или депилирање знае да покаже исипување и да се појават ситни, црвени точки, посебно на делот каде што костимот за капење завршува. Слободно поминете го тој дел со дезодоранс, па тој ќе го спречи нивното создавање и ќе имате кожа која ќе изгледа чисто и совршено. Ова важи и за внатрешната страна од колковите, кои честопати во текот на летото заради триењето може да бидат исипани.

5=vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_

5. Дланки

Често се случува заради нервоза, во текот на некоја напната ситуација или едноставно заради жештината, нашите дланки да се потат. Слободно нанесете и малку протријте ги рацете со дезодоранс, кој нема да биде леплив кога ќе се исуши и ќе успеете да ја спречите оваа појава која знае да нервира и да создава несигурност.

6-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_

6. Гради

Во текот не летото честопати се случува да се испотите под градите, па доколку немате прилика да се истуширате, тогаш може да се создаде и црвенило, непријатно чешање, а уште понезгодно е кога сето тоа ќе се забележи во некоја тесна блуза што сте ја облекле. Затоа пред сѐ, нанесете дезодоранс под градите, почекајте да се исуши и овој проблем ќе биде решен, бидејќи е спречено нешто воопшто да се појави.

7-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_

А, кога сме веќе овде, тогаш ве запрашуваме дали знаете кој е вистинскиот начин за нанесување дезодоранс.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар