Необични фобии поврзани со храната

Необични фобии поврзани со храната

Сите сме слушнале за фобии како што се стравот од пајаци или стравот од височина, но што е со стравот од зеленчук или стравот од кинески стапчиња? Луѓето кои страдаат од фобии поврзани со храната, доживуваат екстремна вознемиреност секогаш кога ќе се соочат со нивниот предмет на страв, вклучувајќи напади на паника, неправилна работа на срцето, гадење и потење. Следниве необични фобии поврзани со храната не се сметаат како вистински фобии, но некои видови јадења може да предизвикаат разни екстремни ситуации.

Необични фобии поврзани со храната

Акерофобија – страв од кисела храна

За некои луѓе, собирањето на устата предизвикано од цитрусни овошја, како што се лимоните, е невозможно да се издржи. Оние кои страдаат од акерофобија ја избегнуваат храната која содржи киселина.

Необични фобии поврзани со храната

Алекторофобија – страв од пилешко

Познатата реченица „Има вкус на пилешко“ не им е омилена на оние кои страдаат од алекторофобија. Овие луѓе многу подобро ќе се чувствуваат доколку храната има вкус на говедско месо.

Необични фобии поврзани со храната

Микофобија – страв од печурки

Додека многумина ги сметаат печурките за вкусно јадење, за луѓето кои страдаат од микофобија, печурките се само предмет кој им создава чувство на страв, гадење, па дури и останување без здив.

Необични фобии поврзани со храната

Алиумфобија – страв од лук

Луѓето кои се силно одбиени од мирисот и вкусот на лукот, по секоја цена избегнуваат сè што содржи лук, дури и кога се работи за стандарден песто сос.

Необични фобии поврзани со храната

Карнофобија – страв од месо

Додека на вегетаријанците не им се допаѓа идејата за јадење месо, оние кои страдаат од карнофобија навистина се плашат од таа идеја. Овие луѓе едноставно не можат да поднесат месо во никаков облик.

Кибофобија или ситофобија – страв од јадење

Единствена утеха на луѓето кои страдаат од кибофобија се футуристичките таблети кои служат како замена за храна.

Необични фобии поврзани со храната

Консекоталеофобија – страв од стапчиња за јадење

Долги, тенки и за некои навистина застрашувачки, стапчињата за јадење денес масовно се употребуваат. Но оние кои страдаат од консекоталеофобија, најдобро се снаоѓаат се нож и виљушка.

Необични фобии поврзани со храната

Геумофобија – страв од вкус

Вкусот доаѓа во сите облици, бои и големини, кога станува збор за храната. Луѓето кои страдаат од геумофобија не се плашат од храната, туку од вкусот. Нивната исхрана се состои од неутрални јадења кои немаат вкус, како што се обични тестенини и варени компири.

Необични фобии поврзани со храната

Лачанофобија – страв од зеленчук

Оваа фобија се појавила кај десетгодишно дете кое одбивало да јаде прокељ (мини зелки), со изговор дека страда од лачанофобија. Но, вистината е дека луѓето кои страдаат од оваа фобија, не избегнуваат само прокељ, туку секаков вид зеленчук.

Магеирокофобија – страв од готвење

Додека некои луѓе нарачуваат храна затоа што немаат време и енергија за готвење, оние кои страдаат од магеирокофобија го избегнуваат готвењето затоа што тоа им предизвикува силна вознемиреност. Можеби никогаш нема да станат готвачи, но барем можат да јадат што ќе посакаат.

Необични фобии поврзани со храната

Остраконофобија – страв од морски ракчиња и школки

Според Американската фондација за астма, морската храна (посебно ракчињата и школките) се најчести предизвикувачи за алергии на храна, воопшто. Тоа е причината за настанување на оваа фобија.

Необични фобии поврзани со храната

Фагофобија – страв од голтање

Стравот од голтање значително го отежнува процесот на јадење, но луѓето кои страдаат од фагофобија најчесто се сметаат како кибофобични или анорексични.

Необични фобии поврзани со храната

Термофобија – страв од топла храна

За оние кои страдаат од термофобија, топлата храна звучи како страшен предлог.

Необични фобии поврзани со храната


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. elizabeta lazareva Reply

    preteravte kakvi se ovie glupi stravovi

Напиши одговор на elizabeta lazareva Откажи одговор