Необичен тренд во маникирањето – тетовирање кутикули

Уметноста на лакирањето нокти е голем тренд на денешницата, а тоа го потврдува и Гугл, на кој терминот „nail art“ се пребарува по 2,5 милиони пати месечно. Нов тренд во маникирањето е тетовирањето кутикули, кое дава интересен ефект. Доколку имате боја на лак која ја обожавате и сакате сите да го забележат тоа, со овие тетоважи дефинитивно ќе го привлечете вниманието кон вашите нокти.Необичен тренд во маникирањето тетовирање кутикулиИдејата е на популарната онлајн-продавница за налепници за нокти Red Nails, која веќе склучила договор со актерката Зои Дешанел. Всушност станува збор за привремени тетоважи кои се достапни во 4 различни облици, по 20 парчиња во едно пакување за секој нокт, а чинат 6 долари. Тетоважите многу лесно се нанесуваат. Треба само добро да се позиционираат на кутикулите, потоа да ги потопите прстите во вода, малку да притиснете на хартијата и тоа е тоа. Необичен тренд во маникирањето тетовирање кутикули


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар