Ненадејно губење енергија, финансиски проблеми, љубовни караници: 8 знаци дека некој ви фрлил клетва

Ненадејно губење енергија, финансиски проблеми, љубовни караници: 8 знаци дека некој ви фрлил клетва

Отсекогаш сте биле енергични, но потоа одеднаш и без никакво објаснување сте „потонале“? И не само тоа, туку сте почнале да се соочувате со многу лоши ситуации истовремено, како губење пари, раскинување, болки во телото… Ако верувате во народните објаснувања, тогаш можеби ова се знаци дека некој ви фрлил клетва.

nenadejno-gubenje-energija-finansiski-problemi-ljubovni-problemi-8-znaci-deka-nekoj-vi-frlil-kletva

1. Ненадејно губење енергија

Вие сте биле личност полна со живот и енергија, а потоа одеднаш сте ја изгубиле целата волја, како за секунда да сте „потонале“ во некоја мрачна дупка.

2. Финансиски загуби

Отсекогаш сте воделе сметка за финансии. Но и покрај сè, и повторно без никакво објаснување, одеднаш сте изгубиле многу пари или сте се нашле во безизлезна финансиска ситуација.

3. Зачестени љубовни проблеми

Вие одамна сте во стабилна љубовна врска, но во последно време минувате низ бродоломи, раскинувања, разводи или губење на желбата за секс.

4. Кошмари

Кошмарите не се нешто невообичаено, но доколку се проследени со повеќе знаци од оваа листа, тогаш и тие можат да се сметаат како уште еден знак за клетва.

5. Губење накит

Сте го изгубиле омиленото парче накит, ви се скинало ланчето што го носите од детството, прстенот ви испаднал од прстот додека сте биле во движење…

6. Лоша среќа

Иако лошата среќа е нешто многу субјективно, и другите околу вас забележуваат дека минувате низ необична низа од лоши настани, што никако не престанува.

7. Необјаснива болка

Имате зачестени болки, најчесто во пределот на долниот дел од грбот, стомакот или во нозете, а докторите не можат да ви дадат медицинско објаснување.

8. Проблеми со спиењето

Ако постојано се будите или претерано се потите и ако не можете долго да заспиете, а лесно се будите (а никогаш претходно не сте имале вакви проблеми), тоа исто така може да значи дека сте нечија мета.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар