Немојте да ја игнорирате главоболката: 4 знаци кои укажуваат на сериозно заболување

Немојте да ја игнорирате главоболката: 4 знаци кои укажуваат на сериозно заболување

Сосема е нормално да ве боли главата по бурна прослава или поради недостаток на сон, но кога болката се јавува ненадејно, без предупредување и очигледни причини тогаш може да биде знак за нешто посериозно. Кога има некаков проблем, телото веднаш нè предупредува, па токму затоа и ако почувствувате ненадејна силна главоболка, веднаш треба да откриете што точно се случува во вашиот организам. Погледнете ги следниве можни причини зад појавата на необичните главоболки.

Немојте да ја игнорирате главоболката: 4 знаци кои укажуваат на сериозно заболување

1. Болка во слепоочниците и предниот дел од главата

Болката во слепоочниците може да укажува на различни нарушувања во организмот. Недостаток на сон, хормонални промени, интоксикација и намален интракранијален притисок – сите овие нешта можат да бидат причина за овој вид болка. Исто така, болката во слепоочниците е симптом за почеток на настинка или грип. Ако болката во тој дел од главата се зголемува и предизвикува чудни чувства како мачнина, веднаш треба да се обратите кај вашиот доктор. Овие чувства можат да бидат знак и за потенцијално крвавење.

2. Утринска главоболка

Ако често се будите со главоболка, тоа не е добар знак. Утринската главоболка може да укажува на ноќна апнеа (престанување со дишење во сон), проблеми со притисокот, па дури и тумор во мозокот. Во овој случај, потребно е дополнително тестирање.

3. Болка околу окото

Кластер главоболките (болка која е изолирана на само една страна околу главата, околу и зад едното око) е една од најнепријатните. Таа е многу силна и тешка за издржување, па затоа и веднаш консултирајте се со добар невролог доколку страдате од неа. Таа може да укажува на аномалии во хипоталамусот, нагло ширење на крвните садови во мозокот и нарушување во работата на кардиоваскуларниот систем.

4. Главоболка и вртоглавица

Многу често, главоболката може да биде попратена со некои непријатни симптоми, како на пример, мачнина, замагленост во очите, болка во вратот… Оваа состојба може да биде предизвикана од остеохондроза, повреди на главата во минатото, хормонални нарушувања, како и невроза и депресија. Следете го вашиот режим на исхрана и сонот пред да се консултирате со доктор. Многу е важно да ги знаете сите детали, дури и оние кои ви делуваат мало и незначајно со цел специјалистот да ја одреди точната дијагноза.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар