Нема да бидам замолчена: Текст што секоја жена треба да го прочита!

Овој прекрасен текст е дело на младата авторка Мариса Донели. Таа се повикува на моќта на својот глас, на гласот на жените, и ги охрабрува да се борат за своите права. Ги потсетува за нивната важност, за важноста на нивните приказни и нивното минато. Ова е текст што треба да го прочита секоја жена.

nema-da-bidam-zamolchena-tekst-za-sekoja-zhena-kafepauza.mk

Кога е тивко, нашите умови зборуваат. Нашите срца зборуваат. Нашите души зборуваат. Тие ни кажуваат вистини. Тие ни покажуваат реалности. Тие ни го откриваат она што сме го игнорирале, она што не сме го гледале. Кога е тивко, наместо да зборуваме, ние слушаме. Ние го впиваме она што го гледаме околу нас. Ние апсорбираме. Откриваме.

Кога е тивко, светот го забележува нашето отсуство. Бидејќи одеднаш, сè изгледа неурамнотежено. Бидејќи одеднаш, во нашата тишина ние сме забележани. И можеби тоа повлекување ја предизвикува силата која не сме знаеле дека ја имаме.

Но што ако тишината не е одговорот?

Што ако стишувањето на нашите гласови, во име на протест, во име на поддршка, во име на гордост и смелост и љубов, го овековечува сето она што нè држело назад?

Што ако тишината слабее? Нè потсетува дека ние сме затвореници на она што го чуваме во нашиот ум. Нè потсетува дека кога сме тивки, ние сме сами. Нè потсетува дека ако не кажеме ништо, едноставно нема да бидеме чуени.

А не треба да бидеме замолчени, не кога нашите зборови ни даваат сила.

Како жртви, како преживеани, како ВОИНИ, единствената вистинска моќ која ја имаме се нашите гласови.

Да престанеме да зборуваме, да престанеме да викаме, да престанеме да ги споделуваме нашите приказни, дали ќе направиме разлика? Или ќе се вратиме кон она што и претходно нè држело назад? Дали ја намалуваме можноста и надежта што доаѓа од конечното ослободување?

Дали ги стишуваме гласовите на другите раси, возрасти, неспособности, статуси и видови живот? Дали ги оттргнуваме луѓето, гласовите, верувањата и перспективите кои треба да се слушнат?

Дали нашата тишина нè ослободува или нè ограничува?

Кога не ја кажуваме вистината за она што ни се случило, кога ни кажуваат да молчиме, кога сме оптоварени со болка и вина и страв и гнев и тага и не можеме да го најдеме нашиот глас, тогаш другите жени околу нас треба да зборуваат во наше име.

Да останат силни. Да поддржуваат. Да речат: „Ти верувам. Те гледам. Те слушам. Те забележувам. Те сакам.“

Им останува на жените да им покажат на другите жени дека зборовите за љубов, сила, афирмација, верба и поддршка никогаш нема да бидат замолчени.

Нам, на жените, ни останува да ја научиме моќта на нашите гласови, силата на нашата кожа, вредноста од обединувањето за протест, можеби не во тишина, но едноставно во осаменост, да покажеме дека нашето присуство е важно. Нашето присуство заслужува да биде слушнато.

Па не, денес нема да бидам замолчена. Ќе ги напишам овие зборови и ќе ги оживеам на оваа страница. Ќе се потсетам себеси и ќе ги потсетам жените околу мене дека нашите приказни се важни, дури и најтешките. Ќе верувам во силата на нашите гласови. Ќе верувам во неверојатната отпорност на нашите души кои продолжуваат да бидат храбри, да ја споделат нашата вистина, да бидат отворени и ранливи и моќни и цели.

Ќе одберам да ширам љубов и надеж бидејќи тоа е она што ни е потребно сега.

Ќе одберам да зборувам денес, да се зголемам и јас и жените околу мене.

Нема да бидам замолчена.

Прочитајте го и текстот во кој ќе се пронајдат сите силни, но премногу грижливи жени.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар