Неколку верувања што среќата ја прават уште понедостижна

Неколку верувања што среќата ја прават уште понедостижна

Зошто некои луѓе се среќни, а други ретко така се чувствуваат? Доколку во последно време среќата постојано ви бега од рака, можеби треба да ги промените следните верувања кои ви ја спречуваат среќата и ви оневозможуваат да живеете среќен и исполнет живот.

0-nekolku-veruvanja-shto-srekjata-ja-pravat-ushte-ponedostizhna-kafepauza.mk_.jpg

Верувањето дека животот е фер

Животот не е секогаш фер. Ќе има денови кога ќе бидете скршени од сите неправди што ви се случиле во текот на денот и тоа не е баш пријатно, но таков е животот. Престанете да трошите време и енергија, посакувајќи светот да е поубаво место за живеење. Наместо тоа, подобрете се самите и така чувствувајте се попријатно. Кога другите, а и вие самите ќе го направите тоа, ќе сфатите дека вложениот труд и енергија целосно се исплателе.

Верувањето дека безбедната зона значи помалку разочарувања

Преземањето ризици е главен предуслов за напредок. Некои луѓе можат уште веднаш да ги измерат ризиците потребни за почнување нешто ново. И иако се плашат, сепак одат понатаму. Затоа што краткорочно, можеби безбедната зона ќе значи помалку ранливост и борба, но долгорочно ќе придонесе за горчина и каење, како последица на немањето храброст да се испроба новото и непознатото.

Неколку верувања што среќата ја прават уште понедостижна

Верувањето дека имате контрола над сѐ

Животот е полн со изненадувања. Колку и да планираме, понекогаш работите се случуваат поинаку од замисленото. Верувањето дека имате контрола над сѐ е најголемата илузија, што ви ја цеди среќата и енергијата. Колку побрзо се помирите со ова, толку полесно ќе ви биде да се справите со изненадувањата што ви ги носи животот.

Верувањето дека немате иднина

Стравот, грижењето, немањето верба и оптимизам се мотивите што ве тераат да размислувате дека вас ништо убаво не може да ви се случи во иднината. Запомнете, оптимистите секогаш се посреќни од оние кои постојано гледаат црно на работите. Секако, и преголемиот, неоснован оптимизам делува неодговорно, но песимизмот е уште полош. Почнете да размислувате позитивно и веднаш ќе ја забележите промената.

3-nekolku-veruvanja-shto-srekjata-ja-pravat-ushte-ponedostizhna-kafepauza.mk_.jpg

Верувањето дека другите се посреќни

Верувањето дека на другите им е подобро е најголемата измама. Како живи суштества сите еднакво чувствуваме среќа, болка итн. Во животот напредуваме во зависност од вложениот труд, понудените шанси и нивното правилно искористување. Ако некои се поталентирани и поубави од вас, не значи дека се и посреќни. Ако сами си поставите цели и навистина го сакате она што го правите и вие ќе имате живот на кој другите ќе завидуваат. Не ви се потребни одобрувања од другите, потребна е решителност и борба.

Верувањето дека луѓето мора да ве сакаат онака како што мислите

Не секој ќе ве сака онака како што вие посакувате, но не е страшно. Луѓето не се обврзани да ве сакаат на посебен начин и обратно. Љубовта секој ја изразува онака како знае и умее. Престанете од другите да барате да ве сакаат така како што вие сметате дека тоа треба да биде и ќе бидете многу посреќни.

Неколку верувања што среќата ја прават уште понедостижна

Верувањето дека страдањето е лошо

Добрите работи кои со себе ги носи страдањето се некако потценети. Тоа води кон промени и ве прави посилни и помудри. Речиси секогаш отвора простор за нешто подобро. Доколку научите како правилно да се однесувате во такви моменти, тогаш лесно ќе ги прифатите и таквите моменти во животот.

Верувањето дека не сте среќни поради другите

Вистината е дека самите ја создаваме сопствената среќа. Другите ќе го дефинираат вашето јас и вашите чувства само доколку вие им го дозволите тоа. Тоа што можеби некои ве мразат, само ја покажува нивната болна несигурност. Не оставајте другите да ви ја одредуваат среќата. Среќата е избор. Затоа, изберете среќа без разлика што прават и што велат другите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар