Неколку техники како да учите поефективно

Секој има различни техники и навики како го поминува времето над книгата. Сепак, главен услов за добро совладување на материјата е ефективноста, односно квалитетно потрошеното време учејќи. Нормално, со ефективноста цврсто се приклештени и принципиелноста и дисциплината, но и двете се тешки за остварување. Држејќи се до некои од овие совети, можеби ќе си олесните при процесот на учењето.Неколку техники како да учите поефективно

Направете си распоред

Распоредот ќе ви овозможи многу полесно да си го организирате времето кое планирате да го поминете учејќи. Во распоредот вметнете ги паузите и другите активности, кои планирате да ги направите и строго држете се според него. Можеби звучи едноставно и небитно, но добро испланираното време ќе ви овозможи поголема контрола и ќе постигнете одредено ниво на дисциплина.Неколку техники како да учите поефективно

Учете одморени и во мирна средина

Иако студентскиот живот „налага“ да се учи до раните утрински часови, сепак тоа е многу неправилно. Сонот е многу важен предуслов за доброто меморирање. Подобро станете порано, денот поминете го учејќи, а вечерта забавувајте се со пријателите и легнете порано. Непреспаните вечерни часови и дневното спиење можат само лошо да влијаат врз вашиот метаболизам. Учете во мирна средина, изолирани од секакви технички и комуникациски средства, а доколку таква немате, заминете во факултетската читална.Неколку техники како да учите поефективно

Не читајте на глас и пишувајте забелешки

Иако многумина го практикуваат, читањето на глас е многу погрешно за ефективноста. Анализите покажуваат дека читајќи на глас губиме 33% од брзината, а концентрирајќи се на читањето губиме голем дел од концентрацијата која ни е потребна да го чуеме и разбереме прочитаното. Пишувањето белешки е многу важно за лесно повторување на материјалот. Учејќи, сами можете да процените кој дел го сметате за поважен за веднаш уредно да го забележите во тефтер. Така, ќе си водите еден вид краток дневник за материјалот. Ќе ви биде од огромна полза.Неколку техники како да учите поефективно

Блиц совети

Кога учите, сè што ви е потребно нека ви биде при рака. Не губете го драгоценото време барајќи ја потребната книга, некои забелешки или маркер. Пред да седнете, подгответе се добро, па потоа започнете.Неколку техники како да учите поефективноНикогаш немојте да учите последните 30 минути пред да легнете на спиење.Неколку техники како да учите поефективноНикогаш немојте да учите 30 до 90 минути после оброк.Неколку техники како да учите поефективноУчете без прекинување најмногу 45 минути, а потоа направете 10 минутна пауза, па продолжете. Научно е докажано дека концентрацијата не може да ве држи повеќе.Неколку техники како да учите поефективноПаузите кои ќе ги правите, треба бидат подалеку од местото каде што учите. За време на паузите дозволете си да мислите на нешто друго, немојте на материјалот.Неколку техники како да учите поефективно


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар