Неколку совети за совршен винтиџ изглед

Винтиџот никогаш не излегува од мода. Без разлика колку модни трендови се менуваат, колку стари трендови се враќаат назад или пак, се создаваат нови, стилот кој го познаваме како винтиџ, а кој најмногу го врзуваме за периодот од 60-тите, па сѐ до 80-тите години, е секогаш актуелен и дава фантастичен изглед. Како и секогаш, па така и сега, тој е одличен начин за да го покажете вашиот стил, па во продолжение откријте кои се најдобрите парчиња за комбинација.

1-kako-da-postignete-vintazh-izgled-vo-vashata-modna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

1. Во 80-тите години големите раменици и тоа како биле популарни. Можеби тие сега сосема го изгубиле своето значење и смисла, но со задоволство ги заменуваме со блузи, кошули и џемпери кои имаат додатоци и така создаваат рамената да изгледаат прилично широко, а тоа е еден од ретро, поточно винтиџ деталите.

2-kako-da-postignete-vintazh-izgled-vo-vashata-modna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

2. Тие се и тоа како популарни. Винтиџ очилата ќе бидат совршен детаљ за да ги надополните вашите модни комбинации во текот на летните денови и така да создадете еден совршен изглед.

3-kako-da-postignete-vintazh-izgled-vo-vashata-modna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

3. Тие се сѐ повеќе популарни, но и одлични за оваа прилика. Чантите кои имаат облик на куфер, корпа и воопшто форма која е прилично цврста, бидејќи сличен модел се носел и пред неколку децении, одлично одговара со вашиот винтиџ изглед.

4-kako-da-postignete-vintazh-izgled-vo-vashata-modna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

4. Слободно вашите впечатливи модни комбинации комбинирајте ги со обувки кои се исто така во некоја впечатлива боја, облик, бидејќи ретро стилот целосно ви го дозволува тоа.

5-kako-da-postignete-vintazh-izgled-vo-vashata-modna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

Преминете на следната страница за останатите идеи…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар