Неколку совети за отстранување на шминката од вашето лице

Шминките коишто девојките ги користат во денешно време можат да издржат повеќе часови на лицето, но иако тие ве спасуваат од постојано коригирање, сепак имаат одредени недостатоци, меѓу кои е и потешкото отстранување. Постојаното чистење на шминката претставува вистинско измачување за вашите трепки и може да предизвика иритација на почувствителната кожа.

Денес ви нудиме неколку совети за нежно и целосно отстранување на шминката од вашето лице.

1. Заштитете ги очите

Најтенката кожа на нашето лице е онаа околу очите. Токму тоа е причината што таа е подложна на иритација, воспаление и сл. Производите без мирис, масло и алкохол се одлична опција за отстранување на секојдневната шминка од очите. Најдобро е да барате отстранувач за шминката од очите со pH вредност која е блиска до природната pH вредност на вашите солзи – 6,9-7,5.

2. Изберете потешки отстранувачи доколку користите водоотпорна шминка

Доколку користите водоотпорна шминка, отстранувачите врз база на масло се идеални за вас. Вообичаено користените средства не се во можност целосно да се справат со водоотпорната маскара. Сепак, бидете свесни дека маслото може да остави мрсни остатоци зад себе, а исто така може да создаде и бариера околу очите, при што кремот или другите производи коишто би ги нанеле потоа, тешко ќе можат да продрат во вашата кожа. За да се спречи ова, откако ќе ја отстраните шминката, препорачливо е да направите темелно чистење на кожата околу очите.

3. Марамчињата користете ги поретко

Чистењето на шминката со марамчиња за отстранување шминка има свои предности, но бидејќи тие не се доволно влажни, бараат постојано триење, при што може да се предизвика иритација или оштетување на кожата. Затоа, одвикнете се од нив и користете ги само во исклучителни ситуации.

4. Направете сами свои отстранувачи за шминка

Коа немате соодветни отстранувачи за шминка, направете си сами. Искомбинирајте малку вазелин и малку хидратантен крем, втријте го во кожата и тоа ќе направи чудо. Друг производ којшто можете да го користите за отстранување на шминката е медот. Тој е нежен за очите и е хидратантен, за разлика од другите отстранувачи коишто се на база на алкохол и коишто може да предизвикаат сушење. Потоа, измијте го лицето за да го избегнете лепењето.

На крај, користете го вашиот омилен лосион за да ги отстраните сите остатоци од шминката.


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар