Слатки причини кои ќе ве потсетат зошто ја сакате

Неколку слатки причини кои ќе ве потсетат зошто ја сакате

Се сеќавате ли на првите мигови кога ја запознавте? Кога прв пат ја видовте, кога прв пат ѝ прозборевте? Се сеќавате ли како миг по миг сѐ повеќе ја запознававте и сѐ повеќе ја засакувавте? Се сеќавате ли кога ви го кажа првото „те сакам“? Секако дека се сеќавате, а тие мали нешта направија уште повеќе да ја сакате. Затоа, за да ве потсетиме зошто и колку ја сакате, направивме една листа на причини поради која таа ви го сочинува светот.

0-nekolku-slatki-pricini-koi-kje-ve-potsetat-zosto-ja-sakate-kafepauza.mk

1. Бидејќи таа секогаш мириса добро, па макар тоа да е само нејзиниот шампон.

2. Бидејќи секогаш го погодува точното место кога се потпира на вашето рамо.

3. Бидејќи лесно ја собира во вашите раце.

4. Бидејќи начинот на кој ве бакнува е толку магичен што наеднаш сѐ станува во ред со светот.

5. Бидејќи е слатка кога јаде.

6. Бидејќи ја чекате премногу долго за да се дотера, но на крајот сепак чекањето се исплати.

7. Бидејќи таа е секогаш топла, иако надвор можеби е -10.

8. Бидејќи изгледа прекрасно, без разлика што носи.

9. Бидејќи секогаш успева да извлече комплимент од вас.

10. Бидејќи е слатка кога се расправа.

11. Бидејќи нејзините раце секогаш ги пронаоѓаат вашите.

12. Бидејќи кога се смее сите проблеми исчезнуваат.

13. Бидејќи сте среќни што ви се јавува веднаш после голема караница.

14. Бидејќи ќе ви рече „Ајде да не се караме никогаш повеќе“, а знаете дека еден час подоцна следи кавга.

15. Бидејќи ќе ве бакне кога ќе направите нешто убаво за неа.

16. Бидејќи ќе ве бакне кога ќе ѝ речете „Те сакам“.

17. Всушност ја сакате поради сите начини и причини поради кои ве бакнува.

18. Бидејќи вашите прегратки се првото место на кое таа оди кога плаче.

19. Бидејќи потоа ви се извинува што плачела заради некоја глупост.

20. Бидејќи кога ќе ве удри очекува да ве боли.

21. Бидејќи ќе ви се извини кога знае дека ве боли, иако вие никогаш нема да признаете.

22. Бидејќи нејзиното „Ми недостигаш“ е најтажниот, но и најслаткиот начин на коj може да се кажат тие зборови.

23. Бидејќи ви недостига.

24. Бидејќи нејзините солзи ве тераат да го промените светот за никогаш повеќе ништо да не може ја повреди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. S. Reply

    And in that moment she she knew. No one thinks these things about her.

Напиши одговор на S. Откажи одговор