Неколку психолошки совети за оние кои се хронично уморни

Неколку психолошки совети за оние кои се хронично уморни

Многу е важно да ги знаете различните начини на кој уморот се манифестира. Тој може да се појави како општ систематски физички умор, замор на целото тело или специфичен локален умор кој се појавува само на одредени делови на телото, како на пример, слабост во мускулите. Од друга страна тој може да се појави и како когнитивен умор кој ја отежнува концентрацијата или завршувањето на други активности кои бараат размислување.

Неколку психолошки совети за оние кои се хронично уморни

Потешкотиите кои се предизвикани од хроничниот умор можат да се поделат на 3 категории:

1. Физички потешкотии – Толку силен умор што дури и најмалата физичка активност делува премногу тешко.

2. Когнитивни потешкотии – Проблеми со помнењето и концентрацијата, како и потешкотии при следење на разговор, особено ако има прекини од надвор.

3. Емоционални потешкотии – Присуство на огорченост и лутина, како и ненадејни промени на расположението кои одат од една крајност во друга.

Како уморот влијае врз вашиот живот и што можете да направите за да го победите?

Вашиот круг на пријатели се намалува, а вие имате сè помалку енергија за забава и дружење. Уморот резултира со општо смалување на активностите и токму затоа понатаму може да доведе до фрустрации и лошо расположение, делумно од чувството на непријатност, делумно поради отсуството на одредени активности. Вашите должности сè повеќе се собираат на куп, па станувате вознемирени поради оние нешта кои не сте успеале да ги завршите. Секојдневниот стрес го зголемува уморот и целосно ги троши вашите залихи енергија. Доколку дојде до ова, вие мора да најдете време малку да одморите, со цел да го опуштите телото како и вашите мисли.

Доколку ја потрошите целата ваша енергија, без да си оставите резерва, ќе ви биде потребно многу повеќе време да се исправите повторно на нозе. Понекогаш многу е тешко да се одлучи на кои активности би требало да се троши енергијата, а на кои не, па затоа ви е потребен и многу добар план. Вие треба да одредите приоритети во вашиот живот кои ќе ги опфаќаат сите негови аспекти, од приватната до професионалната област.

Менаџирањето на енергијата е исто како и менаџирањето на парите кои ви се на располагање. Вие ги анализирате приоритетите и ги одбирате оние одлуки кои сметате дека се најдобри за вас. Нека вашата крајна цел биде трошење на енергијата за оние нешта кои ви се моментално најважни. Откако тие работи ќе бидат завршени, потоа со остатокот испланирајте ги сите дополнителни нешта кои би можеле да ги завршите. Но, внимавајте и никогаш не трошете ја вашата енергија до крај. Не заборавајте дека одморени ќе завршите многу повеќе за пократко време, па токму затоа и на долг рок не вреди да го жртвувате вашиот сон. Кога целата енергија ви е на располагање, точно знаете колку можете да потрошите без да си наштетите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар