Неколку причини зошто треба да ги собирате вашите омилени цитати

Неколку причини зошто треба да ги собирате вашите омилени цитати

И покрај тоа што познатите цитати се многу популарни, мал дел од луѓето успеваат да создадат свој сопствен каталог со омилените од нив. Да се биде колекционер на цитати е нешто на што треба да посветите голем дел од вашиот живот, но откако еднаш ќе почнете брзо ќе забележите дека одржувањето на оваа колекција може неверојатно многу да ви помогне. Погледнете зошто…

Неколку причини зошто треба да ги собирате вашите омилени цитати

1. Инстантно ќе го трансформираат вашето расположение

Цитатите имаат моќ да ја променат нашата ментална состојба многу брзо. Исто како книгите или филмовите, цитатите можат да создадат силни емоции, да инспирираат, да мотивираат, да нè насмеат – со единствената разлика дека нема потреба да инвестирате саати од вашето време за искусување на посакуваниот ефект.

„Ги одбирам моите омилени цитати и ги чувам во мојот ум како подготвен штит, кој може да се користи во напад или самоодбрана, за време на битките на ова турбулентно искуство.“ – Роберт Бурнс

2. Ќе запознаете нови писатели

Вие можеби веќе сте зависни од цитати, но да бидеме реални – тие не ги заменуваат добрите книги. Ќе чуете луѓе кои велат дека цитатите се за мрзливи луѓе, но факт е дека тие ви помагаат да запознаете нови писатели и да станете љубопитни за нивните дела. На пример, дали сте знаеле дека Ајнштајн не бил гениј само за физика? Тој има напишано одлични есеи во областа на религијата, значењето на животот…

„Во секој поглед, убеден сум дека тој не си игра со коцки.“ – Алберт Ајнштајн

3. Ќе научите важни животни лекции

Цитатите ја содржат најгустата мудрост која можете да ја најдете во само една реченица. И покрај тоа што можеби на прв поглед ви изгледаат како очигледни опсервации на реалноста, вистината е дека е потребно многу размислување со цел да можете да ги доловите тие делови од реалноста во толку лесно прифатлив формат.

„Целта на цитатите е дека човек може да користи туѓи зборови за да биде навредлив.“ – Аманда Крос

4. Подобро ќе се запознаете себеси, но и луѓето околу вас

Се вели дека можете да откриете нечиј карактер според книгите што таа личност ги чита или пак, според пријателите што ги има. Но, зарем има побрз начин да ја откриете душата на човекот од поглед кон цитатите кои ги собира?

„Ние сме луѓето за кои нашите родители нè предупредуваа.“ – Џими Буфе

5. Ќе добиете поинаква перспектива

Уште поинтересно од налетувањето на цитат кој искажува нешто што веќе го знаете, е пронаоѓањето на еден кој искажува нешто тотално неочекувано или спротивно од тоа што сте го знаеле.

„Ако постои само еден одговор, тогаш изгледа дека не е многу интересна тема.“ – Рон Џефрис


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар