Неколку причини поради кои може да бидете погрешно сфатени

Понекогаш луѓето донесуваат пребрзи заклучоци кои се базирани на многу малку информации. И секако, тоа може да доведе еден екстроверт да изгледа како интроверт или пак, обидот за пријателство да биде помешан со флертување. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои оставате погрешен впечаток на луѓето околу вас поради кој можете да бидете целосно погрешно сфатени.

Неколку причини зошто сте погрешно сфатени

Срамежливиот екстроверт

Кога некоја личност е срамежлива, луѓето често претпоставуваат дека таа е и интровертна. И покрај тоа што најчесто срамежливоста оди рака под рака со интроверзијата, може да се случи и спротивното. Понекогаш, некои луѓе кои се чувствуваат анксиозно помеѓу непознати обожаваат да бидат во близина на своите најблиски, додека интровертите го доживуваат кое било дружење со луѓе како исцрпувачко. Како и останатите срамежливи луѓе, срамежливите екстроверти се погрешно сфатени како ладни, повлечени и надмени. Тие најчесто се понегативно осудувани доколку се привлечни, вели Берни Кардучи, психолог на Универзитетот во Индијана.

Совет: Соочете се со грешните перцепции на луѓето за вас така што ќе им кажете, Доколку ви изгледам непријателски, тоа не е затоа што не ми се допаѓате, туку затоа што сум срамежлив/а. Или пак, Многу добро си поминувам кога сум во ваше друштво. Доколку не можете да го кажете ова во 4 очи, обидете се преку мејл.

Веселиот интроверт

Кога луѓето се доживуваат како живи, разиграни и весели, одма се претпоставува дека се екстроверти. Но, некои од овие енергични личности понекогаш имаат очајна потреба за време само за себе. Поседувањето добри социјални вештини не значи и желба за постојана опкруженост со голем број луѓе. Овие нешта често се појавуваат истовремено, вели Санџај Сривастава, психолог на Универзитетот во Орегон. Но, не секогаш се во совршена корелација.

Совет: Како и останатите интроверти, така и овие личности имаат потреба да поминуваат одредено време сами со себе. Обидете се да им објасните на луѓето за оваа ваша потреба така што ќе им кажете, Би сакал/а, но имам потреба од време за себе. Може да презакажеме за наредниот викенд?

Ненадејното флертување

Некои луѓе се природно кокетни и токму поради тоа не сфаќаат дека испраќаат погрешни сигнали. Нивното однесување е сфатено како знак дека сакаат нешто повеќе од пријателство, а во нивните мисли тие веруваат дека едноставно оставаат впечаток на дружељубиви личности.

Совет: Намалете со допирите и долгите погледи. Доколку почувствувате дека вашиот соговорник почнува погрешно да ве сфаќа, слободно кажете му дека имате партнер или дека сте заинтересирани за друга личност.

Женствениот хетеросексуалец

Само затоа што мажот е слабичок, се облекува убаво и има потенок глас, тоа не значи дека е хомосексуалец. Многу женствени мажи се хетеросексуални, како што и многу мажествени мажи се хомосексуалци.

Совет: Доколку сте заинтересирани за одредена девојка, почнете да ѝ давате знаци кои тешко можат погрешно да се сфатат – бидете поагресивни со говорот на телото како долгото гледање во очи, ѓаволестата насмевка и повремените допири. Можете дури и да кажете нешто како, Тоа ме потсетува на нешто смешно што мојата бивша девојка еднаш ми го кажа.Таа веднаш ќе сфати.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар