Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

Чајот е топол, вкусен напиток, кој позитивно влијае врз нашето здравје. Доколку не знаете каков чај да си направите денес, погледнете ги следните неколку предлози.

Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

Бел чај

Доколку сакате да пробате нешто ново, почнете со белиот чај. Не е толку јак како другите чаеви, а истовремено го намалува холестеролот и крвниот притисок. Доколку одамна не сте пиеле чај, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.

Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

Чај за спиење

Доколку сакате помирен и поубав сон, тогаш пробајте чај за спиење. Постојат најразлични чаеви за спиење од различни производители, сите нив ги карактеризира помало количество кофеин, а ваше е да го изберете оној кој вам најмногу ви одговара. Ваквиот чај ќе ве смири и релаксира по напорниот ден.

Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

Чај за слабеење

Доколку навистина сакате да постигнете резултати со слабеењето, набавете улонг. Тој е одличен напиток во битката со килограмите, а може да се користи и во посериозни ситуации на прекумерна дебелина или кардиоваскуларни проблеми.

Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

Чај од портокал

Пиењето чај од портокал со себе носи многу здравствени придобивки. Богат е со антиоксиданси кои го спречуваат стареењето. Исто така, позитивно влијае и врз работата на срцето.

Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

Црн чај

Доколку барате замена за утринското кафе, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Црниот чај има силен, интензивен вкус и истиот се служи со млеко и шеќер. Овој чај има највисоко количество кофеин, што сигурно ќе ве направи поактивни и поенергични, а будењето ќе го направи полесно.

Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

Чај од нане

Чајот од нане е одличен за смирување на болките во стомакот, а се користи и превентивно, против настинка. Исто така, се препорачува и за лечење на воспалено грло. Доколку одамна не сте го пиеле, не двоумете се и опуштете се со топла шолја чај од нане.

Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

Зелен чај

Покрај многуте здравствени придобивки, зелениот чај е и навистина многу вкусен. Ја одржува кожата чиста, заштитува од срцеви заболувања, депресија и го подобрува целокупниот имунитет. Уште една одлична замена за утринското кафе.

Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. whatever Reply

    Се вели „улонг“ чај, не „олонг“. На англиски се пишува “oolong”, но се изговара „улонг“. На кинески е “乌龙” (“wulong”).

    • Кафе пауза Reply

      Благодариме за забелешката.

      • whatever Reply

        Нема на што, повелете и друг пат.

  2. ivka Reply

    Исто така многу убави чаеви се аронија и хибискус. :)

Остави коментар