Неколку парчиња облека кои високите жени не би требало да ги носат

Високите жени изгледаат прекрасно и во многу ситуации ниските девојки може да им завидуваат. Нивната висина им овозможува да следат многу модни трендови, во кои пак останатите девојки потешко се пронаоѓаат. Но, од друга страна, постојат и неколку модни ограничувања за високите жени. И покрај тоа што е во ред да носат високи потпетици, постојат неколку моменти на кои тие треба да внимаваат. Во продолжение погледнете за што станува збор.

1. Кратки тексас шорцеви

Неколку парчиња облека кои високите жени не би требало да ги носат

Кратките панталони и здолништа изгледаат прекрасно, но може да биде доста тешко да се пронајдат соодветни парчиња од нив наменети за повисоките девојки. Со нив тие ќе покажуваат поголем дел од телото, што може да изгледа несоодветно во дадени ситуации, па едноставно не би требало да ги носат.

2. Премногу кратки фармерки

Неколку парчиња облека кои високите жени не би требало да ги носат

Пронаоѓањето панталони со должина под глуждот, може да биде вистински проблем за многу високите девојки. Сепак, тоа не е невозможно. Пронајдете поголем број кој ќе ви одговара, а исто така можете да го побарате и вашиот кројач кој ќе ви помогне во соодветниот избор.

3. Кратки фустани и здолништа

Неколку парчиња облека кои високите жени не би требало да ги носат

Слатките мини здолништа исто така се забранети за носење кај високите девојки. Доколку не можете слободно да ги подигнете или свиткате вашите раце, или пак, да се наведнете без да откриете повеќе одошто треба, тогаш тоа е очигледен знак дека тоа парче облека не е за вас, без разлика колку ви се допаѓа.

4. Облека со вертикални ленти

Неколку парчиња облека кои високите жени не би требало да ги носат

Вертикалните ленти имаат моќ визуелно да ја издолжат фигурата на една личност, при што високите девојки треба да ја избегнуваат облеката од ваков вид. Доколку сепак се одлучите за вертикални ленти, настојувајте тие да бидат малку пошироки.

5. Кратки ракави

Неколку парчиња облека кои високите жени не би требало да ги носат

Ова значи дека високите девојки не треба да носат облека со долги ракави, кои се прекратки за нивните раце. Високите личности ќе се согласат дека голем проблем им е наоѓање облека со ракави кои достигнуваат должина до нивниот зглоб. Доколку ракавите на вашата омилена облека ви се прекратки, а сепак сакате да ги носите, тогаш можете да ги завиткате уште малку, за да добиете подобар изглед.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Sara Reply

    Глупости!

  2. Анѓела Reply

    Значи високите девојки не смеат да носат алишта кои им се мали. Јас мислев дека никој не треба да носи работи кои не им се точен број. На секоја грдо ќе и изгледа ако носи премногу краток фустан или прекуси фармерки или маица.
    Ова е чисто омаловажување на нечива висина.

Остави коментар