Неколку одлични примени на јајцата освен за јадење и готвење

Јајцата во домаќинството можат да ви послужат за многу работи, не само ја јадење и готвење. Ова се само неколку начини на кои можете поинаку да ги употребите за секојдневни работи.

Неколку одлични примени на јајцата освен за јадење и готвење

Жолчки за сува кожа

Изматете една жолчка и нанесете ја на лицето. Оставете ја да делува 20 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода. Жолчките ја хидрираат кожата и ја прават мека.

Белка за масна кожа

Во белката додадете пола лажичка мед, убаво измешајте и нанесете ја маската на лице. Оставете ја да делува 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Белката како лепило

Со белката можете да залепите хартија, картон или ткаенина без никаков проблем.

Лушпите од јајцата за чистење

Лушпите од јајцата многу темелно можат да ги исчистат тврдокорните дамки од вашите садови. Ситно сомелете ги лушпите и во нив измешајте малку детергент за садови. Со оваа смеса тријте ги вашите садови.

Неколку одлични примени на јајцата освен за јадење и готвење

Водата од варените јајца е добра за цвеќињата

Откако ќе сварите јајца не фрлајте ја водата. Оставете ја да се олади, а потоа полијте ги цвеќињата во домот. Оваа вода е многу хранлива за растенијата.

Лушпите како додаток во исхраната на вашето куче

Лушпите од јајцето се полни со калциум и затоа не треба да ги фрлате, особено доколку имате куче. Сомелете ги многу ситно и додадете ги во храната на вашето куче.

Јајца против иритации на кожата

Две свежи јајца потопете ги во чаша со јаболков оцет. Оставете ги да отстојат два-три дена, а потоа користете ги како облога за воспалено или иритирано место на кожата. Одлично ќе ви послужат и на места каде што имате убод од инсект.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар