Неколку производи што не би требало да ги комбинирате при исхраната

Неколку производи што не би требало да ги комбинирате при исхраната

Сигурно ќе се изненадите од фактот дека мешањето домати и краставици во салата не е препорачливо. Поточно, овошјето и зеленчукот немаат еднакво време на варење, па кога се консумираат во исто време, постои голема веројатност да дојде до ферментација во желудникот, што подоцна може да предизвика болки, грчеви и надуеност.

Неколку намирници кои не би требало да ги комбинирате при исхраната

Покрај ова, постојат и уште неколку други комбинации на производи кои би требало да ги избегнувате. Еве за што станува збор.

Овошје после оброк

На овошјето му треба подолго време за да се свари, па ако го јадете веднаш после оброкот, тоа ќе се задржи во желудникот подолго време и ќе предизвика дигестивни проблеми.

Тестенини и сирење

Тестенините се богати со скроб кој поинаку се вари од протеините, а задржувањето во желудникот предизвикува ферментација.

Месо и сирење

Со оваа комбинација внесувате премногу протеини во вашиот желудник.

Леб и сок од портокал

Киселината што е потребна да го разгради сокот може да ги уништи ензимите кои се наменети за разградување на скробот.

Зеленчук и сирење

Со оваа комбинација го зголемувате ризикот од надуеност.

Диња и лубеница

Овие плодови би требало да ги консумирате одвоено за да го заштитите вашиот желудник.

Банани и млеко

Оваа комбинација го забавува варењето на храната.

Овошје и јогурт

Иако многумина ја користат оваа комбинација за појадок, сепак, таа го забавува варењето на храната и ја оштетува цревната флора.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар