Неколку начини на кои можете да носите слоевити комбинации, а да не изгледате крупно

Еден од водечките трендови кога е во прашање сезоната есен/зима е секако слоевитото облекување, но ако го занемариме фактот дека ќе бидеме во тренд и дека ќе ни биде топло, најверојатно ќе се соочиме со проблемот кој е наречен „изгледам толку дебело!“ Токму поради тоа ви предлагаме три лесни начини за како да се облечете слоевито, а да ја избегнете можноста за гардеробата да ви „накачи“ некој килограм.

1-nekolku-nachini-na-koi-mozhete-da-nosite-sloeviti-kombinacii-a-da-ne-izgledate-krupno-www.kafepauza.mk_

1. Ролка + Свилен фустан како ноќница

Спој на удобното, топлото, заводливото и женственото. Омилената ролка која обожавате да ја носите во текот на есента и зимата, облечете ја преку свилениот фустан и ќе добиете одлична модна комбинација со која во секој момент ќе изгледате тренди, но и понатаму заводливо и згодно. Бидете „опасни“ па заедно со оваа комбинација понесете моторџиски чизми и сигурно ќе бидете забележани!

2-nekolku-nachini-na-koi-mozhete-da-nosite-sloeviti-kombinacii-a-da-ne-izgledate-krupno-www.kafepauza.mk_

2. Голем шал + кожна јакна

Ја обожаваме кожната јакна, но ги обожаваме и големите, меки, топли шалови. Кога овие две нешта ќе се спојат во едно, се создава тренди, слоевита комбинација во која никако не изгледаме крупно или пак „дебело“. Под овие слоеви можете да облечете што било, а со фармерките и тренди џемперот никогаш нема да погрешите.

3-nekolku-nachini-na-koi-mozhete-da-nosite-sloeviti-kombinacii-a-da-ne-izgledate-krupno-www.kafepauza.mk_

3. Џемпер без ракави + блуза

Заедно со фармерки и модерни чизми до глуждовите, можете да ја облечете вашата омилена блуза или кошула, а посебен „шарм“ на вашата комбинација ќе даде едноставен џемпер без ракави кои можете да го облечете врз блузата. Одберете некоја од типичните есенски бои како што се темно сината, зелената или виолетовата. Исто така, во оваа комбинација занимливо ќе изгледа и кошулата или блузата со впечатлив принт.

4-nekolku-nachini-na-koi-mozhete-da-nosite-sloeviti-kombinacii-a-da-ne-izgledate-krupno-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар