Неколку начини на кои можете да го продолжите животот на бижутеријата

Веќе некое време бижутеријата е многу популарна кај жените кои редовно ги следат модните трендови. Тие многу добро знаат дека таа има клучна улога во стилот. Овој накит со својата популарност дури и почна да му се заканува на накитот од благородни камења, но за жал не е толку траен.

Неколку начини на кои можете да го продолжите животот на бижутеријата

Сосема е разбирливо зошто силно се разочаруваме кога омилениот накит, коj со радост и среќа сме го носеле, ќе го изгуби својот сјај, ќе потемни или ќе ја промени бојата. Токму затоа погледнете ги следниве корисни совети кои можат да го продолжат траењето на вашата бижутерија…

  • Пред сè пробајте со едноставниот трик со безбоен лак за нокти кој ќе го заштити накитот од промена на бојата. Внимателно премачкајте го накитот кој претходно сте го исчистиле и оставете го да се исуши. Поради заштитниот слој бижутеријата нема да ја промени бојата и подолго ќе трае.
  • Исто така избегнувајте контакт со вода. Бижутеријата не обожава вода, па најдобро би било да ги тргнете прстените или алките кога си ги миете рацете.
  • Држете го накитот подалеку од сонце, во посебна кутија. Добра идеја е и да ги чувате омилените парчиња накит во посебна вреќичка бидејќи понекогаш металите знаат да реагираат во контакт со други материјали што резултира со промена на бојата.
  • Бижутеријата не сака ни парфеми, спрејови, дезодоранси, лосиони, млеко за тело ниту пак крема за раце, па внимавајте и на тоа.
  • Потта исто така може да влијае врз бижутеријата, па доколку вежбате редовно претходно тргнете го накитот.
Како да ја чистите бижутеријата?

Најлесното чистење на бижутеријата е со комбинација од сода бикарбона и алкохол. Додајте ги во малку вода и со помош на четка за заби исчистете го накитот и избришете го со мека крпа. Пластичниот накит можете да го исчистите и со паста за заби.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар