Неколку корисни совети за нега на црвената коса

Неколку корисни совети за нега на црвената коса

Нашата коса бара посебна нега, а ако таа е бојадисана, тогаш вниманието кое треба да ѝ се посветува додатно се зголемува. Тоа особено важи за црвената коса, без разлика дали е природна или бојадисана, затоа што станува збор за нијанса која брзо и лесно може да го изгуби својот сјај. Затоа црвенокоси, погледнете како правилно да ја негувате својата коса.

1-nekolku-korisni-soveti-za-nega-na-crvenata-kosa-www.kafepauza.mk_

1. Користете шампон за бојадисана коса

За секогаш да имате вибрантна црвена коса, користете шампон за бојадисана коса – така таа ќе биде адекватно негувана.

2. Заштитете ја од сонцето

Сонцето може прилично да ја оштети и да ја избледи вашата црвена коса, уште побрзо ако станува збор за природна боја. Затоа, секогаш користете шапки, но и пакувања за коса со заштитен фактор.

3. Никогаш не заборавајте ги краевите

Користете потполно природни маски за коса и масла, за вашите краеви секогаш да бидат здрави и совршено негувани.

2-nekolku-korisni-soveti-za-nega-na-crvenata-kosa-www.kafepauza.mk_

4. Не мијте ја често

Во зависност од должината на косата, мијте ја на секои 2 до 5 дена. Исто така, инвестирајте во квалитетен шампон за суво миење на косата, за да не мора да ја миете толку многу често.

5. Консултирајте се со својот фризер

За вашата црвена коса секогаш да биде негувана, неопходно е одвреме-навреме да се консултирате со својот фризер. Исто така, пожелно е вашите врвови да ги пострижувате на секои 6 до 8 недели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар