Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка

Сподели

Нема ниедна личност на планетава која не посакала барем еднаш во животот да има прекрасна филмска насмевка со снежно бели заби. Погледнете ги наредниве неколку совети и трикови кои доколку редовно ги применувате ќе успеете брзо и едноставно да ги избелите вашите заби и да ја добиете неодоливата насмевка која веќе подолго време ја посакувате.

Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка

Сол и оцет

Овој трик за избелување на забите е познат од многу одамна и голем број од оние што го пробале велат дека е многу ефикасен. Измешајте една лажичка сол со неколку капки јаболков оцет. Откако ќе се појави малку пена во мешавината, нанесете ја на четка и измијте ги вашите заби. Потоа измијте ги забите повторно, но овој пат со паста за заби. Се препорачува овој метод да не се повторува повеќе од еднаш во неделата.

Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка

Сода

Брз и едноставен начин за избелување на вашите заби е да ги исплакнувате од време на време со мешавина од по една лажичка сода, 3% хидроген и вода. Убаво исчеткајте ги вашите заби со мешавината и притоа внимавајте да не ја голтнете. И за овој трик се препорачува да не го употребувате повеќе од еднаш неделно.

Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка

Лушпа од портокал

Белата страна од внатрешноста на лушпата од портокалот содржи состојки кои одлично ги избелуваат забите. Направете им мала „масажа“ на вашите заби со лушпата од портокал и по само неколку „третмани“ веќе ќе ја забележите разликата. За подобри резултати додадете и малку сол на внатрешноста од лушпата и не заборавајте потоа да ги измиете вашите заби со обична паста. Третманот можете да го практикувате и со лушпа од лимон.

Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка

Јаболков оцет

Докажано е дека јаболковиот оцет многу помага при белеење на забите, но многу е важно да бидете внимателни при неговата употреба бидејќи киселината го нагризува надворешниот слој на забите. Поради тоа разложете една лажичка во 120 милилитри вода и ќе добиете течност за плакнење која претставува здрав начин за избелување на вашите заби.

Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Студентка по психологија која во слободно време обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Одрекува дека е зависна од кофеин, но цврсто верува дека со помош на поголемо количество на кафе може да го освои светот. :)

Поврзани содржини

  1. Демоник Reply

    Лушпа од банана исто. Испробано, има ефекти, ама привремени. Исто и јагодите се фалени.

Остави коментар