Неколку докази дека јадете премногу белковини

Неколку докази дека јадете премногу белковини

Белковините се наоѓаат во поголеми или помали количини во скоро секоја храна, како месото, рибите, јајцата, млекото, сирењето, печурките, житарките, пченицата, пченката, оризот, сојата… Но, како и со сите други материи, така и со белковините не смее да се претерува. Доколку вие ги внесувате во преголемо количество во вашето тело, тогаш големи се шансите дека ќе ви се појават следниве симптоми…

Неколку докази дека јадете премногу белковини

1. Лош здив

Кога внесувате премногу белковини, а премалку јаглехидрати, вашиот организам почнува да ги согорува маснотиите за да ја добие потребната енергија. Тоа може да биде одлично за слабеење, но лошо за здивот. Лошиот здив е последица од производството на хемикалии кои се лачат во телото кое согорува маснотии. Со оглед на тоа што непријатниот мирис доаѓа од внатрешноста на организмот, миењето заби нема да ви го реши проблемот.

2. Лошо расположение

Човечкиот мозок има потреба од јаглехидрати со цел да функционира нормално и да произведува доволно серотонин, кој всушност е одговорен за нашето добро расположение. Токму затоа ако го зголемете внесувањето белковини, а ги намалите јаглехидратите, големи се шансите дека брзо ќе станете раздразливи и лошо расположени.

3. Оштетување на бубрегот

Со белковините вие внесувате и азот кој потоа бубрезите мора да го филтрираат низ крвта. Доколку јадете нормална количина белковини, тој нормално ќе се исфрли низ мокрењето, но доколку внесувате поголема количина, тогаш бубрезите мора да работат посилно со цел да го исфрлат вишокот азот од вашето тело. Токму оваа работа со тек на време може да ги оштети вашите бубрези.

4. Проблеми со варењето

Пилешките гради и свежото сирење се одличен избор за градење мускулна маса, но не содржат влакна кои се потребни за уредното варење. Тоа значи дека доколку не внесувате сложени јаглехидрати како целосни зрна, овошје и зеленчук и внесувате протеини кои доаѓаат само од животинско потекло, големи се шансите дека ќе почнете да искусувате надуеност и тврда столица.

5. Дебелеење

Диетата која е богата со белковини можеби ќе ви помогне да загубите некој килограм, но откако ќе дојдете до посакуваната тежина вие треба да се вратите на разновидната исхрана бидејќи во спротивно ќе се здебелите. Една студија која била спроведена на повеќе од 7.000 луѓе ни открива дека исхраната која е базирана на белковини доведува и до 90% шанса да дебелеење во однос на оние кои јадат помалку белковини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар