Неколку чекори до совршено бричење

Неколку чекори до совршено бричење

Автор: Петар Тодоровски

Иако е секојдневна машка работа, бричењето на лицето за многу мажи може да претставува вистинска болка. Секојдневното бричење не секогаш значи подобар изглед, туку може да донесе црвенило и непријатно чешање. Но, тоа не мора да биде така ако се следат следните неколку совети.Неколку чекори до совршено бричење

Подготовка

Туширање со топла вода е најдобар начин да се подготвите за бричење. Топлата вода и пареата ќе предизвикаат отворање на порите на лицето и во голема мера ќе го олеснат бричењето.

Измијте го лицето

Миењето на лицето додека се туширате е еден од најважните чекори. Сапунот ќе ја симне нечистотијата од кожата и од влакната на лицето, а тоа ќе го спречи црвенилото и чешањето по бричењето.

Отстранете ги мртвите клетки

По миењето убаво истријте го лицето. На тој начин ќе ги исчистите мртвите клетки од кожата, па подоцна тие нема да се закачат на бричот и да го попречат бричењето. Повторувањето на оваа рутина на секои два до три дена многу ќе ви ја олесни работата на подолг рок.Неколку чекори до совршено бричење

Употребувајте квалитетен гел за бричење

Доколку не сакате да трпите болка, нанесување сапун пред бричење или бричење на суво не доаѓаат предвид. Нанесете квалитетен гел за бричење, кој ќе помогне во отворањето на порите и ќе го спречи црвенилото. На пазарот можат да се најдат повеќе различни брендови, некои поскапи, некои поевтини, но ова не е момент кога треба да штедите пари. Со мала разлика во цената ќе добиете извонреден ефект на вашето лице.

Употребете квалитетен брич

Бричењето ќе биде онолку добро колку што е добар бричот. Слично како и во случајот при изборот на гел за бричење, и при изборот на бричот, со малку поголема инвестиција ќе добиете значително подобар ефект. Оние со три или пет жилети се малку поскапи, но можат да се користат многу повеќе пати, а даваат и одличен резултат.

Внимавајте на техниката на бричење

Бричењето не се состои од едноставно поминување со бричот по лицето. Вратот и долниот дел од брадата бараат бричење од надолу кон нагоре, а горниот дел од брадата обратно.

Исплакнете го лицето

Веднаш по последното поминување со жилетот исплакнете го лицето со топла вода. Ова е многу едноставен и брз чекор кој многу помага.

Не употребувајте крпа

Немојте да го бришете лицето со крпа откако ќе го исплакнете, затоа што малите влакненца и конци од крпата ќе се закачат на кожата и ќе ја иритираат. Иако не е многу пријатно да ја оставите водата да ви капе од лицето, со ова може да пропадне целиот претходен труд.Неколку чекори до совршено бричење

Нанесете балсам за после бричење

Само соодветен балсам или крем може да го омекне и освежи лицето по бричењето. Многу попопуларната колонска вода можеби мириса убаво, но ги нема состојките што му се потребни на лицето по „тортурата“ со жилетите.

Дури и кога не се бричите може да направите некои работи кои ќе ви помогнат да го спречите црвенилото и чешањето во иднина. Секојдневното миење на лицето со антибактериски сапун му пружа дополнителна заштита, а доброто чување на „опремата“ за бричење гарантира дека таа ќе остане чиста и нема да ја упропасти работата и покрај големиот труд.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар