Недостатокот на сон не е единствената причина: 5 видови замор и како да ги идентификувате

Заморот е непријател на секого. Во тие моменти мислите само на вашиот кревет, но многу често и на долгиот ден кој е пред вас. Сепак, понекогаш не е само недостатокот од сон причина за замор. Важно е и „горивото“ што го внесувате во вашето тело. Нутриционистот Џеки Линч изјавила дека брзата храна може да има големо влијание на вашето ниво на енергија. Таа издвоила 5 видови замор.

Постојат 5 видови замор

1. Скокови на енергија

Постојаното покачување и спуштање на нивото енергија е поврзано со шеќерот во крвта. Со намалувањето и покачување на шеќерот во крвта, се случуваат и овие скокови на енергија.

2. Празнина

Оваа „празнина“ е дефинирана со ниското ниво на магнезиум. Магнезиумот ја поддржува функцијата на мускулите и го регулира одговорот за стрес. Во овој случај можно е да чувствувате грчеви во мускулите, главоболки и палпитации.

3. Слаба издржливост

Во овој случај, најчесто станува збор за недостаток од железо. Железото е важен дел од хемоглобинот. Ќе се чувствувате многу заморно, а оваа појава е најчеста кај жените со обилни менструации.

4. Намалена концентрација

Ако имате проблеми со концентрацијата, можно е да ви недостигаат некои витамини од групата Б. Многу често тие помагаат во зголемувањето на нивото на енергијата. Хроничниот стрес или честото консумирање алкохол може да ги отстранат Б витамините од вашето тело. За да го зголемите консумирањето Б витамини, внесете во вашата исхрана повеќе зеленчуци подготвени на пареа наместо варени.

5. Замор

Можеби сте испиле премногу кафе и не можете да спиете. Во овој случај тешко ви е да заспиете, а со ова може да се блокира и апсорбирањето на железо, што само придонесува да се чувствувате уште поизморено. За да го спречите ова, најдобро е да го ограничите пиењето кафе на една шолја дневно. Исто така избегнувајте ги газираните пијалаци кои содржат кофеин.

Па, ако се храните здраво и ако спиете добро, ќе се чувствувате многу подобро и посвежо наредниот ден.

Погледнете уште неколку причини за замор во текот на денот.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар