Не знаете кој е вашиот тип кожа? Време е да откриете!

Кога станува збор за тип кожа, најчесто се мисли на сува, нормална или масна. Меѓутоа, ако продолжите да читате ќе забележите дека постојат повеќе типови кожа кои можете да ги одредите според тоа како кожата реагира на некои козметички препарати.

1-ne-znaete-koj-e-vashiot-tip-na-kozha-vreme-e-da-otkriete-www.kafepauza.mk_

Ако вашата кожа од козметичкиот препарат ве боцка и пече, тоа значи дека тој препарат воопшто не одговара на вашиот тип кожа. Иако често овие реакции нè тераат да помислиме дека имаме чувствителна кожа, најчесто самиот производ е оној кој нè иритира. Единствен исклучок се оние креми кои содржат киселина, па реакцијата на кожата е очекувана.

Ако вашето лице изгледа масно по ставањето крема, најверојатно имате масен тип кожа. Иако, овој проблем може да се јави ако кремата што ја користите е премногу масна за вашиот тип кожа. Затоа најдобро е да ги одбирате оние креми кои не ги затвораат порите.

Ако вашето лице после нанесувањето на крема е затегнато и суво тоа може да ве наведе да помислите дека вашата кожа е сува и дехидрирана, но поголема е веројатноста дека користите производи кои во себе содржат алкохол, кој можеби е причината за сушење на кожата. Најдобро е да користите креми кои во себе не содржат алкохол ниту пак сулфати.

Ако вашата кожа по нанесување крема почнува да се лупи, постои голема веројатност дека начинот на нега не одговара на вашата кожа, а и додатно ја иритира. Затоа е многу важно пред употреба, на мал дел од вашата кожа да ги испробувате производите и да откриете кој најмногу ви одговара.

Ако козметичките препарати ја прават вашата кожа иритирана, веднаш престанете да ги користите. Добро запомнете дека првото и основно правило во негата на кожата гласи – секогаш слушајте што таа ви зборува и никогаш не одете против неа!

Ова е сè што треба да знаете за кожата и козметичките препарати, а сега е време да го откриете вашиот тип кожа.

2-ne-znaete-koj-e-vashiot-tip-na-kozha-vreme-e-da-otkriete-www.kafepauza.mk_

Ако порите на вашето лице се видливи, а кожата ви е сјајна во текот на целиот ден, толку многу што се забележува и на марамче, тогаш вие имате масна кожа. Од големината на порите зависи количината на маснотија што ја произведува вашата кожа.

Ако вашите пори се поголеми во пределот на челото, носот и брадата, а нивната мрснотија се забележува само во текот на денот, тоа значи дека имате комбиниран тип кожа.

Доколку вашата кожа е масна само во текот на летото, може да сметате дека имате нормален тип кожа.

Ако вашата кожа ве стега, изгледа грубо, а порите се слабо видливи, тоа значи дека имате сува кожа. Внимавајте на производите кои ги користите бидејќи тие може додатно да ја исушат.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар