Не заборавајте го минатото, ослободете се од него

Минатото е токму тоа – минато. Моментите кои изминале, сеќавањата, местата кои сме ги посетиле, грешките и изборите кои сме ги направиле. Наречено е минато со причина – бидејќи дошло и заминало. Сега е зад нас. Но, тоа е сѐ уште важно. Некои велат дека треба да го заборавиме минатото. Да ги заборавиме сите наши значајни зборови кои сме им ги кажале на другите и зборовите кои ни биле кажани нам. Да ги заборавиме болните искуства и она што сме го чувствувале. Но, тие не се право.

Не заборавајте го минатото, ослободете се од него

Минатото не треба да се заборава. Напротив, на многу начини, минатото треба да се прославува. Тоа нѐ учи колку сме пораснале, колку сме се развиле, што сме научиле, луѓето на кои сме им дозволиле да нѐ оформат и личноста која сме постанале. Ако го закопаме минатото, тогаш нема да можеме да учиме од грешките, нема да знаеме како да ги препознаеме своите емоции, нема да можеме ментално да еволуираме. Можеме да избереме да се ослободиме од минатото, но никогаш да го заборавиме.

Наместо тоа, треба да ги чуваме сите негови лекции и среќни моменти блиску до нашето срце, а треба да се ослободиме од каењето и болката. Но, постои причина зошто не треба да ги заборавиме, а тоа е за да не ги повториме во иднината, за да се заштитиме себеси, за да бидеме свесни. Да се ослободиме од сиот товар, но никогаш да не ги заборавиме лекциите кои сме ги научиле и да не дозволиме тие да го огорчат и затворат нашето срце.

Интересното за животот е тоа што ние секогаш ќе сретнуваме нешта кои ќе нѐ потсетуваат на саканите, на навиките на луѓето кои си заминале од Земјата, на мислите за оние кои сме ги сретнале и местата кои сме ги посетиле. Секогаш ќе бидеме делчиња од своето минато, зрна песок за секоја личност која сме ја запознале, сакале, почитувале. И тоа е најубавото нешто за минатото: Тоа нѐ изградува. И без него нема да бидеме истата личност.

Затоа, не треба да го заборавиме или да се преправаме дека никогаш не се случило, ниту пак можеме вечно да се држиме за него. Клучот е да пронајдеме една средина. Место на прифаќање и сеќавање, но и место на слобода. Место кое знае што сме биле, но гледа нанапред, кон онаа личност која ќе постанеме.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар