Не влегувајте во врска за која не сте подготвени

Сподели

Сите знаеме колку може да биде возбудливо влегувањето во нова врска, целата таа хемија која се јавува на почетокот, пеперутките во стомакот, чувството на среќа и исполнетост. Но, дали сакате сето тоа да се претвори во проблем или пречка за многу кратко време? Секако дека не!Не влегувајте во врска за која не сте подготвениЧестопати водени од некои инстинкти правиме работи без да размислиме два пати, а брзото влетување од една врска во друга може повеќе да ви штети отколку да ви годи.

Кои се причините за пребрзо започнување на врска?

1. Прекинување на врска која ви значела – Штотуку сте излегле од врска која била долга и сериозна или многу ви значела, па брзо влетувате во друга со цел да се утешите себеси или да ги убедите другите колку добро се снаоѓате без бившиот партнер. Погрешно! Зошто би требало да докажувате некому нешто? Дајте си време да „заздравите“. Дури и доколку не сте биле вљубени до уши, прво навикнете како е да сте сингл, а потоа навикнете се на друг партнер во вашиот живот.

2. Возбуда и пеперутки во стомакот – Тие пеперутки се главната причина поради која сте спречени да размислите со „ладна“ глава. Ѝ се препуштате на авантурата и избрзувате без да размислите два пати какви ќе бидат последиците и дали навистина ви годи да сте во врска. Затоа не треба да се носат одлуки кога сте многу среќни или многу бесни.

3. Скршеното срце – На вашето скршено срце му треба внимание и убави зборови, а тој/таа изобилува со нив, па затоа брзо „паѓате“ на сè што тој/таа прави. Кога сме осамени подолго време или ни било скршено срцето имаме потреба од љубов, внимание и утеха, а тогаш повторно избрзуваме.

4. Сожалување – Тој/таа веќе со години ви дава до знаење дека сака нешто повеќе со вас. На моменти станува патетичен/на, нема друг партнер за него/неа. Помисливте да му/ѝ дадете шанса, па да видите што ќе биде? Ако кај вас не се јавиле чувства за сето тоа време, нема да се јават ни допрва. Не избрзувајте во момент на слабост и сожалување.

Не влегувајте во врска за која не сте подготвени

На што треба да внимавате пред да започнете врска:

1. Дали сте свесни за она што го правите и за последиците кои ќе ги сносите?

2. Дали размислувате свесно или зборуваат измешаните чувства длабоко во вас?

3. Дали сте подготвени да започнете нова врска или ви треба брза утеха?

4. Дали тој/таа ги исполнува вашите барања и очекувања? Не преценувајте се, но не се ни потценувајте. Вас не ви треба некој кој на кратко ќе го засити вашето его, вас ви треба некој „по мерка“. Не заборавајте на вашите стандарди и принципи.

5. Дали знаете доволно работи за вашиот потенцијален партнер? Не започнувајте врска со некој кој го знаете неколку дена. Запознајте го подобро, секој може да го сокрие своето лудило за толку кратко време, но проблемите подоцна ќе испливаат на површина.

Не влегувајте во врска за која не сте подготвени

6. Дали ги задоволува вашите потреби? Материјални, но и сексуални. Не значи дека сте материјалист, но да бидеме искрени, ако партнерот не може да ви го понуди она што вас ви треба, само залудно ќе го трошите своето и неговото време, а од таа врска нема да добиете ни задоволство ни среќа.

7. Дали можете да разговарате? Врската не се сведува само на секс, ништо не сте направиле ако со партнерот не можете да ги имате оние долги исполнувачки разговори. Комуникацијата е клучен фактор за секоја врска.

8. Дали сакате слични работи? Можеби спротивностите се привлекуваат, но што ќе биде ако немате ништо заедничко? Имајте барем неколку заеднички работи кои и двајцата ве исполнуваат и ве прават среќни.

9. Дали сте насочени кон иста цел? Дали знаете што сакате вие од врската, а што сака тој? Ако двајцата целите кон сосема различни нешта, не би можеле да се најдете негде на пола пат.

10. Дали е тој подготвен за врска? Не само вие, туку и вашиот партнер, дали расчистил со луѓето од неговото минато, дали сака да ви се посвети само вам? Откријте го тоа без директно да го прашувате, тој сигурно нема да ви признае.

Врските се добра работа, си наоѓате некој со кого ќе го пополните времето резервирано за нежности и љубов, но внимавајте дали со партнерот сте на иста бранова должина. Не влетувајте во врска доколку не сте подготвени и доколку не е тоа што ви треба во моментот. Ако се јави каков било знак на сомневање, дајте си време, излегувајте и запознавајте се, не мора ништо пребрзо да стане официјално.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Вљубеник во розовата боја и убавите мисли. Најмногу ги вреднува искрените пријателства, а слободното време милува да го помине со добра книга и вкусно кафе. Омилен дел од денот - раните утра полни со неизвесност и надеж за претстојниот ден. Обожува да биде опкружена со креативни луѓе кои гледаат „надвор од кутијата“, бидејќи и самата се смета за таква. Перфекционист опседнат со организираност.

Поврзани содржини

  1. Свит Reply

    “Не започнувајте врска со некој кој го знаете неколку дена. Запознајте го подобро, секој може да го сокрие своето лудило за толку кратко време, но проблемите подоцна ќе испливаат на површина.” tocno! od licno iskustvo… :(

Остави коментар