Не ви се допаѓа косата по посетата на фризерскиот салон? Еве што е најдобро да направите во оваа ситуација…

Сите ние сме се соочиле со таа ситуација кога сме отишле кај нашиот фризер, сме му кажале што сакаме да направиме со нашата коса, а потоа ништо не излегло онака како што сме си замислиле. Понекогаш, секако, е до нас, а понекогаш до фризерот. Но, кога ќе се случи сето тоа, не треба да го барате виновникот, бидејќи штетата е веќе направена. И можеби ќе пуштите некоја солза, бидејќи косата сепак може да нанесе душевна болка, но набрзо ќе се помирите со вашата судбина. И додека очајувате, сетете се дека сѐ може да се среди, па дури и лошата фризура, само е важно да бидете трпеливи и смирено да пронајдете решение.

1-ne-vi-se-dopagja-vashata-frizura-posle-kratenjeto-eve-shto-e-najdobro-da-napravite-vo-ovaa-situacija-www.kafepauza.mk_

1. Дадете ѝ малку време

После фризерскиот салон, незадоволни, најдобро е да отидете дома. Би требало да се одморите. Но, најважно е на вашата коса да ѝ дадете малку време. Проблемот кој го имате не може да се реши во истата секунда, па затоа почекајте неколку дена, измијте ја косата неколкупати, а потоа, по недела или две ќе можете да сфатите што можете да направите со вашата коса и како да ја средите, а да не ве „боли“.

3-ne-vi-se-dopagja-vashata-frizura-posle-kratenjeto-eve-shto-e-najdobro-da-napravite-vo-ovaa-situacija-www.kafepauza.mk_

2. Локни

Кога е косата рамна, тогаш сѐ се гледа. На правата коса се гледа колку е фризерот добар „мајстор“ и тоа на прв поглед. Иако е многу потешко добро да потстрижете виткана коса, правата е онаа која веднаш ги одава способностите на фризерот. Затоа „играјте“ на таа карта. Додека вашата коса малку не порасне, виткајте ја. Со преса, фигаро или едноставно со пена за коса и тоа ќе биде одлично решение додека не порасне.

5-ne-vi-se-dopagja-vashata-frizura-posle-kratenjeto-eve-shto-e-najdobro-da-napravite-vo-ovaa-situacija-www.kafepauza.mk_

3. „Море во косата“

Сте забележале дека вашата коса секогаш е прекрасна кога сте на море, без оглед на нејзината должина и облик? Па тогаш, тоа е одлично решение кога ќе излезете незадоволни од фризерскиот салон. Не зборуваме да отидете на море, иако тоа би било најубавото решение, но можете да користите некој спреј кој дава таква „вибрација“, а потоа додека шетате низ градот ќе го понесете летото се себе и ќе имате чувство дека вашиот фризер не ја погрешил работата.

2-ne-vi-se-dopagja-vashata-frizura-posle-kratenjeto-eve-shto-e-najdobro-da-napravite-vo-ovaa-situacija-www.kafepauza.mk_

4. Испробајте нови фризури

Секогаш имате можности да направите некоја фризура. Можеби тоа не е она на кое сте навикнале или што го сакате, но обидете се да ѝ дадете можност на вашата моментална должина и облик на коса. Застанете пред огледалото и експериментирајте малку со лакот за косата и неколку шноли. Можеби ќе забележите дека имате супер фризура и дека ништо поразлично не ви е потребно во тој момент.

4-ne-vi-se-dopagja-vashata-frizura-posle-kratenjeto-eve-shto-e-najdobro-da-napravite-vo-ovaa-situacija-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар