Не постојат грешки во љубовта

Можеби сте се вљубиле во погрешната личност, сте влегле во погрешна врска, во погрешно време и на погрешно место. Можеби сте дале сѐ за љубовта која сте мислеле дека е вистинска и вечна, а сте завршиле сами. Можеби сте верувале, сте го споделиле вашиот живот, сте ветиле дека ќе останете заедно во добро и во зло, но на крајот сте завршиле разочарани. Можеби по некое време, во одреден момент сте сфатиле дека не сте подготвени за врска. Можеби сте стоеле беспомошно додека партнерот ви го кршел срцето на милион парчиња. И сега сте подготвени целосно да се откажете од љубовта.

Не постојат грешки во љубовта

За што и да станува збор, треба да знаете дека не постојат грешки во љубовта. Личноста во која сте се вљубиле, која ве разочарала, ве изневерила, ве излажала и ве оставила не е грешка. Таа личност се појавила во вашиот живот со причина, за да ви донесе среќа, но и да ви предаде лекција. Да не сте ја сретнеле, сакале и верувале, немаше да знаете каква е болката предизвикана од скршеното срце. Немаше да имате доживеано љубовен неуспех. Немаше да бидете толку силни колку што сте сега.

Што е со врската која се распаднала со текот на времето? Без неа, не би можеле да ја препознаете вистинската љубов кога конечно ќе ви се појави во животот. Не би можеле да ја видите разликата помеѓу страста и посветеноста. Не би знаеле кои сте и што заслужувате.

Што е со прекршените ветувања? Тие ве научиле да бидете внимателни и да го дадете срцето некому кој е искрен и кој ќе биде тука за вас во тешките периоди.

Што е со љубовта која сте ја изгубиле поради тоа што не сте биле подготвени и не сте можеле да се посветите? Тоа ви покажало што ви треба, какви би можеле да бидете кога ќе дојде времето за тоа и колкава моќ имате да ги повредите луѓето околу вас, па затоа сега сте повнимателни.

Што е со скршеното срце кое сте сфатиле дека повторно заздравува со текот на времето? Болката ви покажала дека сте доволно отпорни и силни за да простите и да се отворите повторно. Без вашето скршено срце вие би останале наивни и глупави. Без вашето скршено срце, не би можеле да ја препознаете убавината на вистинската љубов кога таа конечно ќе ви застане на патот.

Не постојат грешки во љубовта, туку моменти од кои учите, созревате и растете. Секоја пречка на патот ви дава знаење, ви покажува каква може да биде љубовта, ви покажува што заслужувате и ве уверува дека не треба да прифаќате ништо помалку од тоа.

Не постојат грешки во љубовта

Честопати мислиме дека нашите неуспешни врски биле залудно трошење на времето. Мислиме дека сме направиле ужасна грешка поради тоа што сме биле со погрешната личност или во погрешната врска.

Но, вистината е дека не постојат грешки. Сте се отвориле некому. Сте љубеле. Сте го дале вашето срце. Сте биле среќни извесен период. А тоа не е грешка, без оглед на последиците. Не можете да го поминете животот во каење. Не смеете да посакувате да се вратите назад, да почнете од почеток и да заборавите некои луѓе. Секој бакнеж, секој љубовен состанок, секоја врска што сте ја имале се случиле со причина, дури и да прераснале во едно големо ништо на крајот.

Сте станале нова личност, сте го зајакнале срцето, сте се грижеле за некој друг човек и тоа е прекрасно, без оглед на крајниот резултат. Не постојат грешки. Постојат само врски што пропаднале, луѓе кои не ви одговарале и односи што не функционирале. Но, тоа не е причина за да се чувствувате поразени.

Сте пуштиле некого да влезе во вашето срце и сте ја покажале вашата ранливост, а тоа е најмоќното и најизвонредното нешто што можете да го направите. Немојте да се каете поради начинот на кој сте љубеле.

Немојте да се враќате во минатото и да посакувате да смените некои работи или да избришете некои сеќавања. Не сте го изгубиле времето, бидејќи љубовта никогаш не е залудно трошење време. Секогаш кога ќе се отворите и ќе одлучите да бидете реални, ранливи и емотивни, тоа е ваша добивка. На тој начин, вие стекнувате знаење, сила, добрина, страст, љубов и се спознавате себеси. А тоа не може да биде грешка.

Прочитајте како е да се љуби повторно по болката предизвикана од скршеното срце.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар