Не постои недостижен маж: 5 клучни трикови кои ќе ви помогнат да освоите сечие срце!

Не постои недостижен маж: 5 клучни трикови кои ќе ви помогнат да освоите сечие срце!

Секоја жена, барем еднаш во својот живот запознала маж кој ѝ делувал недостижно, па токму затоа и не се обидела да проба да го освои. Но, по некое време, може да се случи тој да пронајде девојка која и не е толку подобра од неа, па таа да се запраша дека можеби сепак имала шанси со вистинскиот пристап. Па, доколку сте биле во ваква ситуација, тогаш погледнете ги следниве 5 начини на кои и вие можете да „уловите“ дечко кој на прв поглед ви делува премногу добар за да биде ваш…

Не постои недостижен маж: 5 клучни трикови кои ќе ви помогнат да освоите сечие срце!

1. Престанете да се уверувате дека не можете

Првата препрека се појавува токму во вашите глави. Доколку самите се уверувате дека не можете да го освоите, тогаш целиот универзум ќе се потруди да ви докаже дека сте во право. Но, доколку си кажете дека и покрај сè, сепак имате шанси, работите брзо ќе ви тргнат во вистинската насока.

2. Престанете да се споредувате

Другите девојки се можеби поубави од вас, некои попаметни, некои можеби дури и покомуникативни, но никогаш нема да можете да го освоите мажот од вашите соништа доколку размислувате постојано за другите жени. Не се споредувајте со никого бидејќи на тој начин вие ќе станете незабележлива за мажите.

3. Станува збор за маратон, а не за спринт

Доколку тој навистина ви се допаѓа, немојте веднаш нападно да му пристапите. Почнете полека да го привлекувате неговото внимание, чекор по чекор, и во ниту еден момент не му правете притисок. Дозволете им на нештата сами по себе да се развиваат.

4. Живејте го вашиот живот

Немојте да се фокусирате само на него и да заборавите на вашиот живот. Доколку целосно се насочите кон освојувањето на неговото срце вие можете дури и да му делувате очајно. Правете што ќе правете, дружете се, излегувајте со пријателките, бидете си интересни самите на себе и на тој начин ќе му станете интересни и нему.

5. Заљубете се во себе

Доколку не се сакате самите себеси и не го покажувате тоа, како очекувате тој да знае дека сте вредни за неговата љубов? Мажите многу често брзо ја чувствуваат самодовербата на жените и секогаш повеќе ги почитуваат оние кои имаат силен став и кои цврсто стојат зад себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар