Не плашете се од стареењето: Основни правила за убавина над 40-тата година

Откако ќе дојдете до одредена возраст, правилната нега станува клучна. Годините бараат подобра исхрана, повеќе вежбање или барем шетање, редовно отстранување на шминката како и нанесување соодветни креми за лице. Но, со овие неколку едноставни правила, вие воопшто нема потреба да се плашите од стареењето, бидејќи како и секоја друга доба, така и оваа носи свои радости.

Не плашете се од стареењето: Основни правила за убавина над 40-тата година

Здрава исхрана

Вашето тело, кожата, косата, како и ноктите ќе ви бидат и повеќе од благодарни доколку се исхранувате здраво. Правилната исхрана вклучува многу овошје, зеленчук како и вода. Обидувајте се што е можно повеќе да јадете домашна храна, од природно потекло. Многумина веднаш би помислиле дека тоа е лесно да се каже и тешко да се направи, но вашето тело го заслужува само најдоброто. За само кратко време, со здравата исхрана, вие ќе забележите огромни промени кај вашата кожа и коса, кои инстантно ќе ве подмладат.

Заштита од сонце

Ако со години сте се изложувале на сонце или сте оделе на солариум, добро би било доколку сега престанете со тоа. Освен што прерано ќе добиете брчки, постои опасност и да се здобиете со рак на кожа. Секогаш користете производи со заштитен фактор (најмалку 30), носете шешири и очила за сонце. Исто така, имајте ја кремата со заштитен фактор во ваша близна, со цел да можете да ја нанесувате неколку пати дневно.

Нега на лицето

Негата на лицето треба да ви стане секојдневна рутина. Чистењето на лицето и нанесувањето хидратантни креми пред спиење и наутро по будење можат многу да ѝ помогнат на вашата кожа. Многу често на жените им се случува да си легнат, без претходно да ја отстранат шминката, особено кога имале напорен и тежок ден. Токму затоа поставете влажни марамчиња кои ќе ви бидат на дофат од креветот, во случај да не можете да се помрднете од умор. Влажните марамчиња нема темелно да го исчистат вашето лице, но дури и тие се подобар избор отколку да спиете цела ноќ со шминка на вашето лице. Таа ги затвора порите и ја суши кожата, па токму затоа многу е важно да си легнувате чисти и свежи.

Помалку е повеќе

Ако сакате да носите силна шминка, сега е време малку да ја намалите. Претераното носење шминка може да предизвика вашата кожа да изгледа постаро одошто навистина е. Внимавајте на тенот и негувајте го лицето. Кога имате добар тен и негувана кожа, доволна е само маскара со цел да го добиете позитивниот ефект кој го посакувате.

Физичка активност

Покрај правилната исхрана, нега и заштита од сонцето, потребно е да почнете и со вежбање. Дозволете им на ендорфините да циркулираат во вашето тело и да ја завршат својата работа. Нема ништо попривлечно од опуштен израз на лицето и искрена насмевка.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар