Не можете да се ослободите од прашината во вашиот дом? Пробајте со овие едноставни трикови!

Дали понекогаш ви изгледа како залудно да го чистите домот, бидејќи само што ќе ја избришете прашината, таа веднаш се враќа назад на мебелот. Токму затоа бришењето на прашината не е омилената активност на домаќинките. Но, ако веќе се обидувате да го исчистите домот од прашина, тогаш треба да внимавате на некои работи за да помине што е можно подолго време пред таа повторно да се насобере врз мебелот.

1-super-trikovi-kako-da-vi-se-sobira-pomalku-prashina-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

1. Немојте да користите метла за прашина

Ова помагало за чистење всушност прави поголема штета отколку корист, бидејќи прашината само ја „расфрла“ наоколу, од една површина на друга. Ако не можете без неа, почесто перете ја под млаз вода или едноставно заменете ја со нова, која подобро ќе ја „лепи“ прашината на себе.

2. Исчистете ги греалките и клима уредите

Тука може да се крие голема количина прашина, што значи дека вие ќе го исчистите домот, ни кога ќе ги вклучите, прашината повторно ќе излета од овие уреди и ќе се наталожи врз мебелот. Затоа е добро понекогаш да ги исчистите со помош на правосмукалка.

3. Немојте да ја бришете прашината „на суво“

Како и кај ситуацијата со метлата, така и во овој случај прашината само ќе се разлета и ќе се премести на друга површина. Затоа крпата со која чистите нека биде влажна додека ја бришете прашината, бидејќи така честичките ќе се задржат на неа.

2-super-trikovi-kako-da-vi-se-sobira-pomalku-prashina-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

4. Не го нанесувајте спрејот за полирање директно врз мебелот

Ако го правите тоа на тој начин, тогаш само ризикувате на мебелот да се создадат слоеви кои подоцна ќе привлечат прашина. Наместо директно нанесување, спрејот за полирање најпрво ставете го на крпа, а потоа со неа разнесете го на мебелот.

5. Редовно менувајте го филтерот на правосмукалката

Филтрите се дизајнирани за да ги фаќаат и да ги задржуваат честичките прашина. Доколку не ги менувате, прашината после вшмукувањето нема да се задржи во правосмукалката, туку ќе лета во просторот и ќе се насобира врз мебелот.

3-super-trikovi-kako-da-vi-se-sobira-pomalku-prashina-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

За побрзо и поефикасно чистење на домот, погледнете ги овие совети за чистење заради кои никогаш повеќе нема да морате да правите „генералка“.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар