Не можете да одберете во кого ќе се вљубите, но можете да одберете кого ќе сакате

Обидете се да го сакате оној кој нема да си игра со вас како со играчка, туку ќе ве почитува како комплетна личност со тело и душа. Обидете се да го сакате оној кој нема еден ден да ви вели дека сте му сѐ во животот, а веќе наредниот да заборави кои сте. Обидете се да го сакате оној кој секогаш ќе има убави и позитивни зборови за вас и секојдневно ќе ве опсипува со нив.

Не можете да одберете во кого ќе се вљубите, но можете да одберете кого ќе сакате

Не можете да одберете во кого ќе се вљубите, но можете да одберете кого ќе сакате. Одберете личност која ќе ја прифати вашата ранливост дури и тогаш кога сите ќе ви го свртат грбот, личност која ќе разбира дека пред туѓите рани секогаш треба внимателно да се одбираат зборовите. Одберете да сакате човек пред кого нема да мора да ги бирате вашите зборови, туку во секој момент ќе можете да бидете опуштени, онакви какви што сте природно. Одберете да сакате човек кому нема да му биде важно вашето минато, туку иднината што ќе ја гради со вас.

Одберете човек кој ќе има слични цели со вашите за да не мора целиот живот да правите компромиси. Одберете некој кој ќе ве смири тогаш кога ќе бидете вознемирени на тој начин што ќе биде покрај вас и ќе ве држи за рака. Одберете личност со која нема да мора многу да се расправате за да се разберете, туку доволен ќе ви биде само еден поглед и работите ќе се решат сами по себе.

Обидете се да го сакате оној кој ќе ве прифати такви какви што сте, без да очекува чуда од вас. Обидете се да го сакате оној кој нема да ви предизвикува солзи, туку ќе ги брише и ќе знае како да извлече насмевка на вашето лице. Не можете да одберете во кого ќе се вљубите, но можете да одберете кого ќе сакате. Тоа нека биде личност која ќе ви ја возврати љубовта со сето срце. Не прифаќајте ништо помалку од она што го заслужувате!

Во продолжение прочитајте како да знаете кога станува збор за вистинска љубов

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар