Не ја пропуштате вечерата? Еве што се случува со вашето тело доколку јадете после 19 часот

Сигурно сте ја слушнале изреката „појадувај како крал, ручај како принц, а вечерај како сиромав“, што значи дека појадокот би требало да ви биде најбогат, да ручате умерено, а вечерата да ви биде најмалиот оброк во денот. Постои страв и верување дека сѐ она што го јадете навечер ќе ве здебели и дека токму тие калории ќе се претворат во сало. Се прашувате дали ќе се здебелите ако јадете после 19 часот? Одговорот е не.

Не ја пропуштате вечерата? Еве што се случува со вашето тело доколку јадете после 19 часот

Кога некој ќе ви каже дека е на диета, најчесто ви вели дека својот последен оброк мора да го изеде пред 18 или 19 часот, затоа што ако јаде подоцна може да се здебели. Па дури и многу спортисти живеат во страв дека сѐ што ќе изедат доцна навечер ќе се претвори во масти и во сало, затоа што храната нема да успее да се разгради додека спијат. Некои навистина губат по неколку килограми откако ќе одлучат да не јадат пред спиење, а таквиот резултат е затоа што тие едноставно јадат помалку. Од друга страна, многумина несвесно ги надополнуваат калориите кои нема да ги внесат вечерта, така што јадат повеќе преку ден, па не успеваат да направат никаква промена.

Ако јадете навечер или непосредно неколку часови пред спиењето, нема да се здебелите, таа храна нема автоматски да се претвори во масти и да создаде нови масни наслаги. Масните наслаги настануваат кога јадете вкупно повеќе калории отколку што трошите, а не е важно во кое време од денот ќе ги внесете. Вашиот метаболизам работи и ја разградува храната и во текот на ноќта, а она што сте го изеле пред спиење ќе ве здебели единствено ако тоа е вишок.

Не ја пропуштате вечерата? Еве што се случува со вашето тело доколку јадете после 19 часот

Значи, важна е вкупната количина храна која ја јадете, а ако сакате да ги изгубите вишокот килограми, мора да внимавате да внесувате помалку калории отколку што трошите, при што не е важно кога ќе јадете. Ако вежбате во вечерните часови, дури пожелно е да имате оброк после тренирањето, кога на телото му се потребни нутриенти за адаптација по физичката активност, па затоа тогаш слободно можете да јадете некој оброк кој метаболизмот добро ќе го разгради и искористи.

Исто така истражувањата покажуваат дека големите оброци секогаш помагаат полесно да ја поминете диетата, да чувствувате помалку глад и болка, како и да имате поквалитетен сон. Внимавајте на вкупната количина која ја јадете во текот на денот, а ако ви одговара, слободно консумирајте поголем оброк и навечер, без да стравувате дека ќе се здебелите.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар