Не ја барајте вашата вредност во очите на мажот – најдете маж кој ќе вреди

Не ја барајте вашата вредност во очите на мажот – најдете маж кој ќе вреди

Нема ништо полошо од тоа кога некоја прекрасна девојка не е свесна колку вреди. Многу жени придаваат преголемо значење на тоа да се биде во врска, а не обрнуваат доволно внимание на сопствената самодоверба. Како да ги зафатила некоја епидемија на која мора да ѝ се стави крајот!

Не ја барајте вашата вредност во очите на мажот – најдете маж кој ќе вреди

Што ако имате партнер? Тоа никако нема да ја зголеми вашата вредност како личност. Нема да ве направи подобри. Нема да станете повеќе од она што сте. Но, многу девојки започнуваат врска мислејќи го спротивното и потценувајќи се себеси. И покрај тоа што веројатно често се гледате во огледало, сигурно не сте се почувствувале толку убави додека вашето прво момче не ви го кажало тоа. Ви била потребна неговата потврда, бидејќи вашето мислење за себе не било доволно за да ви ја даде потребната самодоверба.

Мора да престанете да ја чекате појавата на некое момче кое ќе ве увери дека заслужувате љубов. Треба да заборавите на идејата дека вашиот изглед, памет и способности се значајни сѐ додека постои некој маж кој ќе ги цени. Колку поголема моќ им давате на момците во вашиот живот, толку полошо ќе се чувствувате.

Несигурноста и недостатокот на самодоверба се главните причини зошто многу извонредни девојки никогаш не го достигнуваат нивниот најголем потенцијал. Токму поради нив, идните докторки, писателки, музичарки, директорки и адвокатки плачат затворени дома обидувајќи се да сфатат зошто не се доволно добри. Тоа е така затоа што тие чекаат да се појави некој кој ќе им каже дека се всушност доволно добри.

Моментот кога ќе решите дека сепак сте доволно добри е моментот кога ќе си ја вратите изгубената моќ. Живејте го животот онака како што сакате и никогаш немојте поради некој маж, кој ве пофалил дека сте убави (и потоа никогаш не ви вратил на пораката), да се откажете од вашите цели и соништа.

Кога ќе сфатите дека вредите без разлика на тоа што сте сами, ќе престанете да губите време на момци кои не ве заслужуваат. Одеднаш вашите амбиции, соништа и хуманост ќе ви станат позначајни од фактот дека некој ви рекол „Многу си убава“. Во спротивно ќе го поминете целиот ваш живот во чекање да се појави некој кој ќе направи да се чувствувате подобро. Но, вистината е дека мора самите да направите да се чувствувате подобро.

Можеби на почеток ќе ви биде тешко и ќе треба да се преправате дека навистина го мислите тоа, но кога ќе почнете да се грижите за себе, животот одеднаш ќе ви стане 1000% подобар од претходно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар