Не дозволувајте едно кршење на срцето да ве уништи засекогаш

Животот е низа од настани. Запаметете ја оваа реченица. Прочитајте ја уште еднаш: Животот е низа од настани. Кажете си ја во себе неколку пати. Сега кога таа е запечатена во вашата глава, одговорете на следново прашање: Зошто дозволувате еден настан да ве трауматизира толку многу?

Не дозволувајте едно кршење на срцето да ве уништи засекогаш

Толку многу луѓе се чувствуваат очајно и мислат дека никогаш нема да им заздрави раната предизвикана од болното раскинување. Некои живеат изолирани, сами, во депресија по неколку години само затоа што една работа во животот им тргнала наопаку. На пример, замислете си маж кој се обидел да ѝ пристапи на некоја жена. Од некоја причина таа не била заинтересирана и нормално е дека тој се почувствувал лошо. Сега тој тврди дека никогаш повеќе нема да се обиде да разговара со некоја жена затоа што тоа не функционира.

Истото сценарио важи и за жените. Се обидела да флертува со некој маж, тој од некоја причина не бил заинтересиран и сега таа е убедена дека не е доволно привлечна и дека никогаш нема да најде љубов.

Луѓето се отвораат емоционално еднаш или два пати во животот, нешто тргнува наопаку и одеднаш тие решаваат да останат затворени и ладни до крајот на нивниот живот. Решаваат дека никогаш повеќе нема да си дозволат да бидат ранливи. Само поради еден единствен настан.

Но, еден настан не значи ништо. Секој ден ни се случуваат еден куп настани. Секој ден се движиме напред на различни начини. Ако дозволувате да бидете трауматизирани поради еден настан, се затворате и му велите на универзумот дека не вредите за ништо. Преферирате да немате ништо бидејќи тоа значи дека не морате да се изложите на ризикот од уште еден неуспех и разочарување. Но, тоа е најлошиот начин на живот.

Не дозволувајте едно кршење на срцето да ве уништи засекогаш

Станува збор за само еден неуспех. Животот е низа од неуспеси и настани. Тој е низа од убави и лоши времиња. Продолжете понатаму. Ако животот ни даваше сѐ што ќе посакаме секој ден, сите на светот би биле богати, здрави и во врска со саканата личност. Не би постоеле сиромаштија, криминал и скршени срца. Но, животот не функционира на тој начин.

Силните луѓе ги сметаат неуспесите за еден момент од целото време што го имаат. Слабите луѓе ги сметаат за најтрауматичниот момент од нивниот живот. Ако гледате така на животот, во вас ќе почне да се раѓа стравот кој и понатаму ќе расте сѐ повеќе и повеќе. Кога дозволувате еден настан да ве дефинира како личност, практично велите дека повеќе би сакале да живеете во страв, истрауматизирани и сами.

Како се чувствувате кога сте сами? Како се чувствувате кога живеете на вашиот мал остров изолиран од човештвото? Како се чувствувате таму сами со никој друг освен вашите негативни мисли кои ви прават друштво? Емотивно се затворате од светот за никој да не ве повреди. Но, ако останете емотивно затворени, никој нема ни да ве сака.

Време е да се ослободите од стравот. Време е да заборавите на настанот кој ве враќа назад во минатото. Време е да ја прифатите вашата ранливост. Ранливоста прави да се чувствувате живи. Ранливоста ќе ви помогне да најдете љубов.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар