Навики кои ѝ штетат на врската

Навики кои ѝ штетат на врската

Понекогаш и најситните потези може да ја саботираат врската. Малите нешта кои се акумулираат со текот на времето може да создадат големо растојание помеѓу партнерите. Овие мали и навидум безопасни навики може да прераснат во поголеми проблеми и да ја уништат врската.

Навики кои ѝ штетат на врската

Го одбирате мобилниот телефон наместо бакнеж за добра ноќ

Многумина од нас се зависници од модерната технологија, но светот нема да заврши ако не ја проверите електронската пошта пред спиење. Можно е да го користите мобилниот телефон како одвраќање од врската. Од друга страна, важноста на бакнежот за добра ноќ е поголема отколку што мислите. Овој бакнеж е израз на интимност и со него испраќате порака дека вашето момче ви е на прво место. Бакнежот за добра ноќ помага при создавање на цврста врска во која постои взаемна поддршка.

Го проверувате профилот на вашето поранешно момче на Фејсбук

Нормално е сè уште да ве интересира поранешното момче, но ако постојано го следите на Фејсбук, тоа би можело да значи дека се обидувате да задоволите одредена интимна потреба поради која не сте задоволни од вашето сегашно момче. Не заборавајте дека во ваква ситуација секогаш постои голема шанса да бидете откриени. Врската со вашето поранешно момче завршила со причина, па наместо да трошите време проверувајќи го неговиот профил на Фејсбук, поминете повеќе време подобрувајќи го односот со вашето сегашно момче.

Навики кои ѝ штетат на врската

Ја губите смислата за хумор

Доколку живеете заедно со партнерот, многу лесно може од љубовници да се претворите во цимери и времето да го трошите на логичниот дел од врската, наместо да уживате во неа. Најдете начин да бидете забавни. Играјте игри, дури и ако тоа вклучува прифаќање на предизвици. Хуморот ја менува перспективата и ни помага од критични да станеме креативни, што е повеќе од потребно за една здрава врска.

Заборавате да бидете благодарни

Колку пати сте му префрлиле дека тој треба да ви биде благодарен за сите работи кои вие ги вршите? А колку пати тој завршил некоја задача за која вие сте заборавиле да му се заблагодарите? Мажите сакаат да бидат ценети за она што го прават. Искажете ја вашата благодарност и тој ќе ве направи да бидете уште посреќни.

Навики кои ѝ штетат на врската

Енергијата ја трошите на негативни личности

Без разлика дали се работи само за еден „токсичен“ пријател или група негативни личности, обидете се со едноставни потези да се ослободите од нив и насочете ја енергијата кон вашето момче. Понекогаш е невозможно целосно да се изолирате од ваквите личности, но затоа може да го ограничите времето поминато со нив. Колку полесно се справувате со стресот надвор од вашата врска, толку повеќе ентузијазам ќе внесете во неа.

Поминувате премногу слободно време разделени

Социјализацијата е секогаш добредојдена за секого и нема ништо лошо доколку од време на време излезете без вашето момче. Но, ако слободното време сè помалку го поминувате заедно, тогаш вашата интима почнува да страда и повеќе не можете да функционирате заедно. Излегувајте почесто заедно или ако немате многу слободно време закажувајте состаноци на одредена дата од месецот. Во секој случај, не пропуштајте ја секоја шанса за заедничко дружење надвор од домот.

Навики кои ѝ штетат на врската

Имате проблеми со спиењето

Врската може да страда ако имате проблеми со спиењето. Според едно истражување, кога жените страдаат од несоница, забележани се повеќе негативни отколку позитивни односи помеѓу партнерите, што не е случај кога мажите страдаат од несоница. Иако потребата од одмор може да ја саботира врската, покрај секојдневните обврски, спиењето е веројатно на дното на списокот работи кои треба да ги направите. Следниот пат кога ќе почувствувате замор, лизнете се помеѓу чаршафите и брзо ќе ги почувствувате придобивките и за врската и за здравјето.

Зборувате за сè

Отворената комуникација е клучна за врската, но ако често поставувате прашања за кои веројатно не е потребна дискусија, тоа може да стане проблем. Наместо постојано да го прашувате зошто некоја работа ја прави така како што ја прави, обидете се со поинаков пристап. Престанете со здодевното потпрашување и фокусирајте се на корекцијата на вашето однесување.

Лажете во врска со шопингот

Можеби сте наишле на распродажба и сте го надминале буџетот. Ако се обидувате да скриете голем дел од она што сте го купиле само за да избегнете кавга со партнерот, тогаш само го зголемувате растојанието меѓу вас. Секако дека ќе се загрижите да не западнете во неволја, но со лажењето ќе го направите партнерот авторитативен, наместо да постигнете баланс во врската.

Навики кои ѝ штетат на врската

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар