Навидум страшни проблеми во врските за кои навистина не треба да се грижите

На почеток на врската секој од нас сака да изгледа помалку или повеќе совршено во очите на својот партнер. Вратата од купатило обавезно се затвора, никој не подждригнува при јадење, и двете страни секогаш имаат совршена фризура и беспрекорен изглед и никогаш немаат потреба подолго време да се задржат во тоалет. Но, со тек на време откриваме сè повеќе од нашите несовршености, бидејќи секој ги има. Како што сè повеќе се вљубуваме во нашата друга половина, сфаќаме дека сме среќни иако сме несовршени, и се прифаќаме токму како такви.

Навидум страшни проблеми во врските за кои навистина не треба да се грижите

Овие нешта навидум се големи проблеми, но во суштина се навистина безопасни.

Лошиот здив наутро

Будењето до личноста која ја сакате е нешто прекрасно и сосем оправдано е што сакате да го/ја опсипете со бакнежи иако сè уште не сте се измиле заби.

Навидум страшни проблеми во врските за кои навистина не треба да се грижите

Недепилирани нозе

Ако сте пропуштиле да ги избричите своите нозе еден ден не значи дека е крај на светот. Вашиот партнер ве сака и покрај тоа, всушност најверојатно воопшто и нема да го забележи она што за вас преставува толку голем проблем.

Лоша фризура

Има денови кога што и да правите косата не ви застанува на место. Тоа не е причина да го откажете вашиот состанок и да не се видите со својот партнер бидејќи логично, ако планирате да го минете животот заедно, и двајцата ќе се видите во лошо издание. Тоа не значи дека ќе престанете да се сакате.

Денови кога нема да имате време да се средите

Ќе има денови кога нема да изгледате ни приближно гламурозно. Може да ви се случи да останете цел ден по тренерки, без грам шминка и разбушавена коса. Некогаш, едноставно, нема да имате многу време да си посветите себеси, и тоа е сосема во ред.

Навидум страшни проблеми во врските за кои навистина не треба да се грижите

Зголемување на килограмите

За ова најмногу се грижат девојките, но и момците не се исклучок. Нашите тела се менуваат, и општо во животот ќе ни се случат работи поради кои телата ќе ни се променат. Не дека треба целосно да се опуштите штом го најдете вашиот животен партнер или партнерка, но некое кило плус или минус не ја разнишува љубовта меѓу вас. Вие се сакате поради она што сте.

Лоши денови со настинка и вируси

На почеток на врската може само да помислите како ќе изгледате кога ќе „закачите“ некој вирус и самата помисла дека вашиот/ата партнер/ка ќе треба да ве види во такво издание за вас е хорор сцена. Неизбежно е да пребродите заедно висока температура, повраќање и стомачен вирус, но после тоа и двајцата ќе имате повеќе љубов еден за друг.

Тоа што изгледате смешно кога плачете

Тешко е да не изгледате по малку смешно кога плачете. Особено доколку сте мачо мен кој случајно пуштил солза. Верувајте, вашиот/ата партнер/ка, ќе се труди да ве развесели а нема да мисли на вашите расплакани гримаси.

Навидум страшни проблеми во врските за кои навистина не треба да се грижите

Лошите навики во спиењето

Тука спаѓа рчењето, клоцањето во кревет, будењето среде ноќ, зборувањето во сон. Неизбежно ќе ви поминат низ глава вашите потенцијални лоши навики во спиењето пред да ја минете првата ноќ заедно. После тоа веќе се навикнувате и наоѓате начин што е можно побезболно да ги спречите, онолку колку што можете.

Заклучок, не грижете се за сите ваши несовршености кои ќе ги донесете во врската. И другата страна има што да донесе. Така се градат врските.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар