Науката открива: Кои се тајните што вашиот партнер најверојатно ги крие од вас?

Науката открива: Кои се тајните што вашиот партнер најверојатно ги крие од вас?

Сите луѓе чуваат тајни. Некои од нив се сосема безопасни. Никој не мора да знае дека тортата што сте ја „подготвиле“ за роденденот на вашиот партнер била купена од продавница. Но, некои тајни не се толку невини. Истражувачите од факултетот за бизнис во Колумбија откриле неколку интересни информации за тајните што ги чуваме и резултатите можеби ќе ве изненадат, но и разочараат.

Науката открива: Кои се тајните што вашиот партнер најверојатно ги крие од вас?

За целите на студијата, истражувачите извршиле анализа на повеќе од 13.000 тајни од 10 претходни истражувања и дошле до 38 чести категории, тргнувајќи од препишување на тест па сѐ до изневерување. Резултатите покажале дека просечниот човек чува по околу 13 тајни во секое време, од кои 5 никогаш ги нема кажано никому. Истражувачите исто така откриле дека луѓето најчесто кријат тајни од нивните партнери. Упс!

Па, кои се овие тајни што толку внимателно ги чуваме? На врвот од листата се нашле следниве тајни: Размислување да се изврши неверство, сексуални чинови, лажење и романтични чувства кон некого. Следни на листата се нашле: Момент од минатото кога срушиле нечија доверба, крадење, емоционално неверство, цел и амбиција што не ја кажале никому, детали од семејната историја, информации поврзани со финансиите, незадоволство од сопствениот физички изглед, незадоволство од пријател или од социјалниот живот и незадоволство од љубовната врска.

Што се однесува до чувањето тајни, некои претходни истражувања покажале дека таа навика предизвикува анксиозност, депресија и лошо физичко здравје. Кој е најдобриот начин да престанете да мислите на вашите тајни? Кажете ги некому. Искреноста е секогаш најдобрата опција. Освен кога станува збор за тортата што сте ја „направиле“. Тогаш смеете да молчите.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте ги 5-те нешта кои сите жени ги кријат од нивните партнери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар